Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Откако минатиот месец Алијансата против пиратерија успеа да го затвори сајтот Extreme Download, сега уште еден заминува во историјата - Zippyshare најави дека ќе се угаси до крајот на месецов.

Без разлика дали редовно или повремено преземате пиратски содржини, во својата пловидба под црното знаме сигурно некогаш на форумите сте наишле на Zippyshare линкови преку кои сте го симнале она што сте го барале. За жал, и на овој сајт му дојде крајот. Од Zippyshare објавија дека сајтот ќе се угаси до крајот на март.

Доколку не знаевте, Zippyshare е веб-страница за бесплатно споделување фајлови. Лансиран е во 2006 година и веќе 17 години беше омилена дестинација на многумина што сакаа да споделат фајлови на интернет.

Поради својата едноставност, односно леснотијата за користење, овој сајт многу брзо стана доста користен и за делење пиратски материјал. Многу популарен беше и кај нас, на нашите форуми. Токму поради тоа гасењето на Zippyshare претставува губење на огромен број пиратерија која се споделуваше исклучиво преку овој сајт.

„Еј дечки, одлучивме на крајот на месецов да го згаснеме проектот. Ве замолуваме да направите бекап на вашите фајлови, имате речиси две недели тоа да го направите. До тогаш сајтот ќе работи без никакви проблеми. Веќе не сме во можност да го одржуваме сајтот. Ви благодариме што низ годините бевте со нас. Се гледаме во длабочините на интернетот“, е дел од објавата на тимот на Zippyshare.

Како главна причина за згаснувањето од Zippyshare го наведоа фактот што од самото основање нивниот сајт е со речиси непроменет облик, нарекувајќи го „диносаурус“, и како таков повеќе не може да се носи со конкуренцијата. Воедно, сајтот живее од реклами, а поради тоа што многумина користат софтвер за блокирање на рекламите, сајтот нема профит. Како трета причина го наведоа растот на цената на струјата, што поради големиот број сервери на кои се потпира сајтот значи и огромни трошоци.

Тагови
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Интернет

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Read more

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Read more

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Read more

Рекламите стигнаа и на Gmail

Read more
 

Гик

Поради технички проблеми Boeing го одложи првиот лет со екипаж на Starliner

Читај повеќе

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе