Се изработува карта на загадувачи, ДИЖС кубури со инспектори во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) изработува карта на загадувачите, за почеток во градот Скопје, каде ќе ги идентификува сите точки што се во нивна надлежност.

Ова денеска го соопшти в.д. директорката на ДИЖС, Ана Петровска, која посочи дека целта е понатаму кога ќе биде готова алатката за непосредно пријавување на загадување да можат граѓаните да имаат попрецизна информација што всушност пријавуваат.

Во однос на депонијата Вардариште, Петровска вели дека за да се направи нејзина санација треба да се обнови физибилити студијата и да се направи проектна документација за затворање.

Вардариште, како што додаде, во овој момент е црна точка, токму заради тоа што таму има неформални собирачи на отпад. Според неа треба координирана акција на сите расположливи ресурси и на МВР, и соработка со Министерството за труд и социјална политика.

– Во овој момент уште не е договорено како тоа ќе се реализира, но чувствувам огромна одговорност во итно време да го направиме тоа, рече Петровска.

Има само пет инспектори на ниво на Скопје, бројката треба барем да се дуплира

Има само пет инспектори на ниво на Град Скопје. За наредната година, со оглед на големата бројка на инсталации што ја имаме на терен, имам антиципација за осум нови луѓе, но и со нив најверојатно нема да се заврши целосно работата, Петровска.

Таа на денешната прес-конференција рече дека со овој број инспектори, работата на терен е тешка. Имаат попладневни дежурства и во текот на неделата, но како што рече, не можат да се мултиплицираат.

-Многу е тешко на терен, имаме и попладневни дежурства и недели но ние не можеме да се мултиплицираме. Единствен лек е посинхонизирано и поефикасно да се координираме со градските инспектори за да формираме мрежа на инспекциски органи. И тоа е нешто што деновиве се случува. Но приоритет ни е да сме на терен, знаете пет инспектори треба секаде да стасаат, рече Петровска во одговор на прашање.

Посочи дека треба барем да двојно да се зголеми бројот бидејќи како што рече, во североисточниот регион, кој што го покрива има рудници со големи капацитети, а исто така и во Пробиштип и Кочани, а секако треба и да се зајакне Скопје.

-Немам инспектори за природа, имам еден инспектор за природа, еден за овластување. Охридскиот регион треба да се покрие, националните паркови, заедно со шумска полиција да работиме и со Испекторатот за шумарство и ловство. Огромна е полето за работа. Имаме само двајца водостопански инспектори, а не знаете колку дозволи за водно право има, за регулација на речни корита, голем предизвик е со овие луѓе со кои работиме да бидеме достпани и за викенд и ноќе, додаде Петровска.

реклама

Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Read more

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Read more

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Read more

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more
 

Вести

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе