ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2023

Се крчка најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата

Сагата помеѓу Челси и аргентинскиот бисер Енцо Фернандес, кој брилјираше на Мундијалот во Катар, продолжува и се чини дека „Сините“ немаат намера да се откажат од неговите услуги без разлика на тоа колку ќе треба да платат.

Интересот на лондонскиот тим не е тајна уште од завршувањето на Мундијалот, каде Фернандес својата Аргентина го освои пехарот, а ја освои и наградата Најдобар млад играч. По отворањерто на зимскиот преоден рок преселбата на Арегентинецот од Лисабон во Лондон се чинеше завршена работа. Но, Бенфика побара премногу пари, многу повеќе од она што Челси беше подготвен да го понуди. Според информациите, последната понуда на Челси изнесувала 85 милиони евра.

Според пишувањата на португалски Record, Челси повторно тргнал по Фернандес, откако на пазарот не успеа да најде соодветна замена на позицијата централен играч за врска.

Преговорите помеѓу лондонските „Сини“ и Бенфика повторно се отворени, а Португалците за откуп на Фернандес сега бараат вртоглави 120 милиони евра (106 милиони фунти).

Доколку дојде до трансфер под вакви бројки, тогаш трансферот на Енцо Фернандес од Бенфика во Челси ќе стане најскапиот во историјата на Премиер лигата. Засега на врвот на оваа листа се наоѓа трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити кога во август 2021 година се пресели за 117,5 милиони евра, или точно 100 милиони фунти.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе