Се продава салфетката која му го промени животот на Меси

Сите веќе ја знаат приказната како Лионел Меси го потпишал својот прв договор со Барселона, а скапоцената салфетка потпишана од 12-годишниот Лео сега ќе се најде на аукција.

Тренерите Жузеп Мариа Мингеља и Карлес Решак седеле во ресторан со агентот Хорасио Гаџоли и потоа бил постигнат договор според кој Барселона се обврзала да исполни голем број услови на семејството Меси, а Лионел да дојде во Барселона.

Имал 12 години, а датумот на потпишаниот договор на салфетката е 14 декември 2000 година.

Барселона се обиде да преговара салфетката да се најде во нејзиниот музеј, но договорите меѓу клубот и агентот пропаднаа и тој сега овој скапоцен предмет го става на аукција.

Со продажбата ќе се занимава британската аукциска куќа Bonhams, а се очекува понудата за салфетката со потписот на Меси да биде околу 350.000 евра. Исто така, сите се убедени дека во понудата ќе биде вклучена и Барселона.

„Ова е еден од највозбудливите предмети што некогаш сум ги држел во рака. Тоа е обична салфетка, но е толку позната. Ова го означи почетокот на кариерата на Лионел Меси. Таа му го промени животот, а влијаеше на создавање на некои од највеличествените моменти за милијарди фудбалски фанови“, изјави во оваа прилика Јан Елинг од Bonhams.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе