Се размислува за јавно објавување на имињата на оние кои одбиваат да примат решенија за самоизолација

МИА
/ 15.06.2020 / 17:49

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Државниот санитарен и здравствен инспекторат се соочува со сериозен проблем со лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, наведе на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека се размислува и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат, а една од опциите е јавно да се објави  список на лица коишто треба да бидат во самоизолација.

– Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите е, и тоа во многу брзо време ќе го расчистиме, јавно да се објави, според законот за управна постапка, и  список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи Филипче.

Тој, одоговарајќи на прашањето дали е запознаен дека Инспекторатот се соочува со проблем бидејќи одредени граѓани одбиваат да ги земат решенијата за самоизолација оти не се двојазични, рече дека постојат различни причини поради кои тие не сакаат да ги земат решенијата, и оти исто така, луѓето даваат грешни адреси, грешни телефонски броеви, како и погрешни податоци за нивните контакти.

–  Инспекторите не можат да ги најдат овие лица и тоа е еден сериозен ризик. Затоа многу често апелираме и да се даваат точни податоци и да се соработува и со епидемиолозите и со инспекторите на ДСЗИ, нагласи Филипче.

Министерот кажа дека голем е проблемот со тоа да се поделат решенијата за самоизолација, како мерка против ширење на Ковид-19, и од таа причина тие повикале и на помош вработени од Собранието за да им помогнат на инспекторите за изготвување и делење на решенијата.

Се анализираат податоците за тоа кога најрано може да почнат со работа градинките

Министерот Венко исто така кажа дека не може точно да каже кога би можеле да почнат со работа градинките, но информира дека на неделна основа се анализираат податоците, бројките, а во Владата ќе се разговара и за тоа, како и за ослободување на мерките на рестрикција што важат за добар дел од економските оператори, што се затворени и за кои има протоколи соодветни и тие можат да почнат да работат.

– Тоа е нешто што ќе биде соопштено следните неколку денови согласно состаноците со голем број здруженија и асоцијации што ги имавме и во текот на минатата недела, изјави министерот Филипче, прашан од новинарите дали има некаква проекција, кој е најкусиот период кога би можеле да се отворат градинките дали за една недела, десет дена.

Мајките односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа, нагласи тој и изрази уверување дека може да се реши административниот проблем, како што рече, во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

– Градинките се уште не може да ги отвориме, бидејќи сакаме да ги заштитиме децата. Училишната година заврши, апелирам до родителите, да им укажат дека треба да носат маски и да не се групираат, иако младите поретко заболуваат и се најчесто асомптиматски но ја шират заразата, рече Филипче.

Базените се безбедни, но треба протоколи за соблекувалните

Базените се меѓу економските субјекти кои остануваат затворени во претстојниот период и за нив се разговарало за протоколи. Според министерот Филипче, тие се безбедни, но протоколи ќе требаат за соблекувалните.

-Имаше состанок и со нив на кој се разговараше за протоколите. Тие се, практично спремни, и побараа и тогаш, пред повеќе недели, да се наполнат. Базените се сосема безбедни, протоколите се однесуваа, пред се, на соблекувалните, рече Филипче.

До крајот на неделата ќе се разговара за отворање на границите

До крајот на неделава ќе се разговара за отворање на границите, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Владата донесе одлука да се пушти транзититот за патници кои нема да се задржат во земјата повеќе од пет часа. Ќе предложиме и отворање на нови гранични премини, а до крајот на неделата ќе разговараме и за отворање на границите. Ќе дискутираме и во рамки на Комисијата потоа ќе соопштиме на јавноста, истакна Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

За изборниот процес има протоколи за ниеден учесник да не биде доведен во ризик

Целосно сме на располагање за соработка со Државната изборна комисија (ДИК) за безбедно да се спроведат изборите, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дали ќе има зголемен ризик од трансмисија на вирусот за учесниците во изборите, за гласачите и членовите на избирачките одбори.

Рече дека имало и ќе има состаноци на Комисијата за заразни болести и  ДИК за да се решат сите отворени прашања, а предвиден е и протокол кој, како што рече, точно утврдува како да се спроведе процесот и што треба сите учесници да направат.

– Тој протокол е врз основа на медицински и епидемиолошки аргументи, а дистанцата, честата дезинфекција и заштитната маска се основни за кој било процес да го направат безбеден. Непочитувањето на мерките го зголемува бројот на заразени, истакна Филипче.

Посочи дека протокол ќе има и за членовите во избирачките одбори за кои основно е, исто така, носењето маски, заштитни ракавици и честа дезинфекција, како и за гласањето во домашни услови, нагласувајќи дека ниеден учесник во изборачкиот процес нема да биде доведен во ризик.

Ги засиливме со кадар Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“

Во изминатите денови ги засиливме со кадар и двете главни болници каде се лекуваат пациентите со COVID-19. Во таа смисла, на Инфективната клиника дојдоа пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, за ендокринологија и од Институтот за туберкулоза, еден доктор од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид и вкупно 27 медицински сестри од Специјалната болница Јасеново, болницата Кавадарци, Кочани и од Кичево.

Филипче додаде дека во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 113 пациенти, на респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се 21 пациент.

Посочи дека во ГОБ „8 Септември“ тимот се зајакнал со шест доктори, двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од Отешево и болницата во Гостивар.

– Дваесет медицински сестри од Струга, Велес, Отешево, Гевгелија и Специјалната болница Лешок. За време на целиот овој период болницата функционира како Ковид-центар, каде по потреба се извршуваат и други интервенции, за пациенти кои се позитивни на вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти. Таму има еден позитивен болничар, направена е анкетата и во таа смисла уште двајца други негови колеги се во изолација, еден хирург од болницата од денеска има симптоми и тој ќе се тестира и ќе биде во изолација. Во болницата во Штип 18 хоспитализирани пациенти, а во другите одделенија во државата вкупно 66 пациенти, рече Филипче.

Во Ресен после 19-те дијагностицирани лица од кои првите случаи потекнуваат повторно од семејна прослава, истакна министерот, заседаваше локалниот Кризен штаб и е донесена одлука заедно со компаниите во кои се вработени близу 600 луѓе во следните 10-тина до 14 дена тие да не одат на работа со цел да се елиминира можноста од бројни контакти и со тоа да се спречи ширењето на вирусот.

Додаде дека од вкупно седумте конфекции кои беа затворени во Штип, три сега работат со 50 отсто капацитет, една конфекција целосно, една конфекција со 60 отсто и уште две треба да почнат со работа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Ново

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе
  • filter

17 мај 1395, загинал Крале Марко

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе