Сѐ што треба да се знае за претстојниот метеорски дожд Персеиди

Месецов на небото нѐ очекува метеорскиот дожд Персеиди, кој најдобро ќе се гледа на 13 август.

Наскоро ни доаѓа метеорски дожд, а годинава ќе ги има само два вакви феномени на ноќното небо.

Метеорскиот дожд, наречен уште и Персеиди, ќе се случи помеѓу 12 и 13 август, а највидлив ќе биде на 13-ти, пишува Space.com.

Метеорскиот дожд Персеиди е предизвикан од минувањето на Земјата низ остатоците оставени по минувањето на кометата 109P/Swift–Tuttle во 1992 година (тогаш последен пат помина блиску до Земјата). Метеорскиот дожд Персеиди е најгуст кога Земјата минува низ „најправливите“ региони. Годините во кои нема многу месечева светлина обично имаат повеќе метеори на час, дури и до 150-200.

Метеорскиот дожд трае од 14 јули до 24 август, но најдобро се гледа на 13 август. Во најсилниот период ќе може да се видат и до 100 метеори на час, соопшти НАСА.

Минатата година метеорскиот дожд Персеиди беше „компромитиран“ од силната Месечина што некои од метеорите ги направи помалку видливи. Но, во 2023 година, светлината поради Месечината ќе биде само околу 10%, што значи дека метеорскиот дожд ќе биде добро видлив.

Типичен метеорид Персеид патува со брзина од околу 214.000 км/ч кога ќе влезе во атмосферата на Земјата, а потоа се нарекува метеор. Повеќето од нив се многу мали, со големина на зрно песок и речиси ниту еден нема да падне на земја. А кога тоа ќе се случи, им се менува името во метеорити.

Се проценува дека Персеидите достигнуваат температура од околу 1.650 степени Целзиусови, а стануваат видливи кога се на околу 97 километри над Земјата.

Зошто се нарекува Персеиди?

Според хеленската митологија јунакот Персеј, син на Ѕевс, се оженил со Андромеда и со неа имал 9 деца. Персеиди, збор што се однесува на потомците на Персеј, денес претставува еден од најпознатите метеорски дождови што секое лето го набљудуваме на ноќното небо.

Американските астрономи Луис Свифт и Хорас Татл во 1862 година откриле комета во соѕвездието Персеј, која денес е именувана по нивните презимиња 109P/Swift–Tuttle. Две години подоцна, италијанскиот астроном Џовани Скјапарели ја сфатил врската помеѓу кометата и метеорскиот дожд.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе