Се забрзува воведувањето на 5G мрежата, мислењата сѐ уште поделени

До крајот на 2020 година, ширум светот ќе има околу 220 милиони активни претплати на 5G тарифа.

И покрај пандемијата што го зафати светот годинава, воведувањето на 5G технологија во доменот на мрежите и уредите е забрзано, па разумно е да се очекува дека до крајот на годината ќе има 220 милиони претплати на 5G на глобално ниво, од кои 80 проценти во Кина, вели прогнозата на новата студија Ericsson Mobility Report-EMR.

Студија на шведската компанија Ericsson исто така предвидува дека до крајот на 2026 година, во светот ќе има околу 3,5 милијарди 5G претплати, што би претставувало околу 40 проценти од сите мобилни претплати и претставува повеќе од 50 проценти од мобилниот сообраќај.

„Тековниот раст на 5G претплати и покриеноста на населението потврдуваат дека оваа технологија се спроведува побрзо од сите претходни генерации на мобилни технологии“, велат истражувачите во овогодинешната студија EMR, според која до крајот на 2020 година повеќе од милијарда луѓе или 15 проценти од светското население ќе живее во област со 5G покриеност.

Поради забрзаното воведување на 5G, Ericsson исто така ја зголеми проценката за крајот на 2020 година за глобални 5G претплати, на 220 милиони, а ова зголемување, објаснуваат тие, е главно резултат на брзиот раст во Кина, достигнувајќи 11 проценти од мобилната претплата на 5G. Во Кина, 5G е национален стратешки фокус и има сè повеќе 5G смартфони на располагање од неколку добавувачи.

Работите се забрзуваат и во САД, односно истражувачите очекуваат дека Северна Америка ќе ја заврши 2020 година со околу четири проценти од 5G мобилни претплати, додека во 2026 година може да има дури 80 проценти, што би ги ставило САД први меѓу сите светски региони. Според проекциите во студијата, Европа ќе ја заврши 2020 година со околу 1% 5G претплати.

Студијата исто така нагласува дека 5G нема да биде ограничена само на бројки поврзани со покриеност или претплати, туку дека оваа технологија ќе ги одреди новите апликации на корисниците и за приватниот и деловниот живот, како и за јавните институции во различни сектори.

Во јавноста, воведувањето на 5G мрежата уште е мета на критики, а мислењата за нејзината штетност се поделени, за што сме пишувале многупати досега.

Кое е вашето мислење за 5G? Дали ќе ни донесе повеќе корист или штета?

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе