Денешната пладневна жрепка на УЕФА за 1. коло од квалификациите за новата сезона од Лигата на шампионите одлучи македонскиот шампион да ги вкрсти компјата со најдобриот од малиот Гибралтар.
Жрепката се одржа во Куќата на еврпскиот фудбал во Нион, Швајцарија.
Македонскиот шампион пред жрепката беше сместен во Групата 3 и тоа меѓу неносителите, поради слабиот коефициент. УЕФА одреди дека потенцијалните противници на Шкупи се Карабаг (Азербејџан), Шериф (Молдавија), Слован (Словачка), Линколн Ред Импс (Гибралтар) и Шамрок Роверс (Ирска).
Фортуната посака Шкупи за противник да го добие шампионот на Гибралтар, Линколн Ред Импс, кој веројатно важеше и за најпосакуван противник. Шкупи беше извлечен како домаќин на првиот натпревар.
Првите натпревари ќе се играат на 5 и 6 јули, додека реваншите на 12 и 13 истиот месец. УЕФА дополнително ќе ги соопшти точните термини.
Утре е жрепката за 2. коло кога Шкупи ќе го дознае потенцијалниот противник доколку успее да го мине 1. коло.
Поразениот од 1. квалификациско коло нема да го заврши европското фудбалско лето бидејќи за утеха ќе добие шанса да игра во квалификациите од Лига Европа и тоа од 2. коло.