Шест најчести причини за губење на апетит кај децата

Губењето на апетит кај децата може да ги загрижи повеќето родители.

Сепак, тоа е доста честа појава, особено кога станува збор за деца на возраст од две до пет години, пренесува Mom Junction. Но, во некои случаи, губењето на апетитот може да биде причина за загриженост.

Затоа педијатрите предупредуваат на шесте најчести причини за губење на апетитот кај децата, кои родителите никогаш не треба да ги игнорираат.

Болест

Кога детето е болно, тоа најлесно можеме да го забележиме со промена на неговиот апетит. Болки во грлото, стомачен грип, дијареа, главоболка и треска се само некои од причините зошто детето може да јаде помалку од вообичаено. За среќа, огромното мнозинство од децата го враќаат апетитот по закрепнувањето.

Стрес

Стресот кај децата, особено кај помладите, може да има многу негативни ефекти, вклучително и губење на апетитот. Ако родителите забележат дека нивното дете губи интерес за јадење или има проблеми со спиењето, тогаш можеби страда од стрес.

Депресија

Депресијата може да биде уште една причина за губење на апетитот кај детето. Повеќето родители ја мешаат депресијата со тага, велат психолозите, но тагата и депресијата не се исто. Чувството на тага исчезнува со текот на времето, но депресијата не. Депресијата не само што го растажува детето, туку и го попречува неговиот нормален живот, а еден од симптомите е намален апетит.

Анемија

Анемија или недостаток на железо во крвта е уште една можна причина за губење на апетитот, објаснуваат педијатрите. Децата со анемија често изгледаат летаргично, уморно и раздразливо, а ако не се лекува, анемијата може да го попречи нивниот целокупен развој.

Запек

Неправилното функционирање на цревата кај децата може да доведе до отежнато движење на дебелото црево, или констипација. Губењето на апетитот е еден од симптомите што укажуваат на тоа дека детето страда од запек. Педијатрите објаснуваат дека родителите најлесно ќе го препознаат запекот кај детето по екстремно тврда столица и отежнато обавување голема нужда.

Глисти

Цревните глисти може да ја ослабат желбата на детето за храна. Глистите се наоѓаат во дигестивниот систем и таму живеат како паразити, предизвикувајќи цревни крварења, губење на апетит, дизентерија и слични здравствени проблеми. Иако се непријатна појава, лесно се лекуваат и брзо поминуваат.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе