Шест најдобри есенски намирници за слабеење

Ф.З.
/ 08.11.2023 / 17:58

Есента е полна со хранливи намирници кои лесно се вклопуваат во здравиот начин на живот. Така можете да уживате во вкусовите што ги носи есенската сезона и сепак да видите напредок на вагата.

Овие шест есенски намирници се најдобри за слабеење:

Тиква

Тиквите се исклучително здрава и хранлива храна. Богати се со бета каротен, кој во организмот се претвора во витамин А, а е особено моќен антиоксиданс. Содржи растителни влакна, кои се пожелни во варењето и во процесот на слабеење.

Јаболка

Како и тиквата, јаболката се полни со влакна. Едно јаболко со средна големина има околу 4 грама влакна, а исто така е богато со вода, што го прави идеална храна за слабеење. Бидејќи јаболката содржат влакна и во месото и во кората, треба да внимавате да ги јадете и двете. Затоа, барајте непрскани јаболка чија кора се јаде.

Калинка

Калинката е полна со хранливи материи, а се цени поради антиоксидантните и антиинфламаторните ефекти. Не постои дефинитивно истражување кое ќе покаже дека овошјето или сокот од калинка може директно да ви помогнат да изгубите тежина, но тие имаат ефект врз здравјето на цревата, а заздравувањето на цревата дефинитивно може да помогне во губењето килограми.

Храна зачинета со чили

Чорбите и супите зачинети со чили се идеални за поладните есенски денови. Чили во комбинација со зеленчук, грашок и посно месо може да биде одличен сојузник за слабеење бидејќи го забрзува метаболизмот.

Прокељ

Прокељот потекнува од истата група на зеленчук како брокулата, карфиолот, кељот и зелката. Општо земено, зелчестиот зеленчукот може да помогне да се намали воспалението во вашето тело, што инаку ви го отежнува слабеењето.

Сладок компир

Слаткиот компир, познат и како батат, често се смета за подобра замена за обичните компири. Иако содржи голема количина скроб, има и многу хранливи материи. Сладок компир со средна големина има околу 103 калории и содржи помеѓу 60 и 75% вода. Ова значи дека е позадоволителна опција за оброк и помала е веројатноста да се прејадете.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фит

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе