Шест намирници што за појадок даваат подолго чувство на ситост

Многу луѓе немаат време за меѓуоброци, па затоа е важно појадокот да им биде обилен и заситен. Затоа не е лошо да знаете кои се најдобрите намирници за првиот оброк во денот.

Нутриционистот Бет Ворен вели дека појадокот е важен оброк бидејќи токму тогаш нашето тело најдобро ги разградува протеините. Тој посочува дека телото поминува низ природен пост во текот на ноќта додека спиеме, па клучно е организмот од состојба на глад да биде сит во рок од еден час по будењето.

Јајца

Студијата од Internal Journal of Obesity покажа дека луѓето кои јаделе јајца за појадок се чувствуваат посити и позадоволни, а со тоа јаделе помалку за ручек. Тоа е затоа што јајцата се богати со протеини.

Овесни снегулки

Истражувањето од International Journal of Food Science and Nutrition наведува дека појадокот со сложени јаглехидрати може да помогне во чувството на ситост. Овесната каша е позната по тоа што има растворливи и нерастворливи влакна и голема количина на протеини.

Пудинг од чиа семе

Многу популарен оброк е таканаречениот пудинг од чиа семе. Пред консумирање, потребно е чиа семето да го натопите во јогурт или млеко преку ноќ. Наутро ќе добиете погуста смеса во која можете да го додадете омиленото овошје. Ворен наведува дека кога чиа семето отекува формираат маса слична на гел и обезбедуваат одлично чувство на ситост.

Путер од јаткасти плодови

Путерите од јаткасти плодови се одличен извор на протеини и масти кои ќе ви дадат многу енергија. Најдобар начин да го консумирате е да го комбинирате со овошје или да го додадете во смути.

Банани

Бананите се одличен извор на здрави јаглехидрати кои брзо ќе му ја дадат на вашиот мозок потребната енергија за да почне да размислува и да донесува одлуки за тој ден. Ова овошје најдобро се комбинира со некој извор на протеини.

Тост од прортени житарици

Лебот со прортени зрна во комбинација со јајца даваат добро чувство на ситост. Нутриционистот Ворен наведува дека прортените зрна имаат понизок гликемиски индекс, што значи дека побрзо се претвораат во шеќер во крвотокот од другите видови леб, што обезбедува постабилно снабдување со енергија и ситост.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе