Шест причини зошто треба секој ден да одите на прошетка

Еден од основните постулати на здрав живот е да се занимавате со физичка активност.

Во зависност од вашата возраст, здравствена состојба и кондиција, можете да се одлучите за вежбање во природа или теретана, фитнес, вежбање дома, возење велосипед, пешачење.

Еве ги сите придобивки што ги има за нашето тело. Како пешачењето влијае на здравјето на возрасните и децата?

1. Ќе бидете поздрави

Срцето е еден од најважните органи и за него треба да се грижиме без разлика на возраста. Пешачењето му е одлична вежба, бидејќи ја поттикнува циркулацијата. Покрај тоа, експертите велат дека само 30 минути пешачење го намалува ризикот од многу срцеви заболувања.

2. Позитивно влијае на мозокот

Сигурно го знаете она чувство кога умот некако ви е заматен, како да уморен. Кратка прошетка може да ви го разбистри умот и да ви даде шанса да бидете насамо со своите мисли, без други работи што ќе ви го одземаат вниманието.

3. Одличен начин да бидете фит

Ако не сакате да одите во теретана, неколку круга низ маало е одлична идеја. Покрај тоа, можете да ги земете децата со вас и заедно да уживате во активностите.

4. Пешачењето како медитација

Иако изгледа неверојатно, одењето  има ефект на медитација за човечкиот ум. Кога денот ви е полн со обврски и размислувате за толку многу работи, прошетката ќе ви помогне да се смирите и опуштите. Фокусирајте се на дишењето, набљудувајте ја околината и опуштете се.

5. Го подобрува расположението

Кога ќе ја постигнете зацртаната цел за пешачење (на пример 30 минути или 5 километри) ќе почувствувате задоволство. Освен тоа, рекреацијата позитивни чувства, кои се одличен борец против депресијата и анксиозноста. Само свежиот воздух веднаш поволно делува на расположението.

6. Ќе спиете подобро

Многу истражувања покажаа дека редовното пешачење и физичката активност имаат позитивно влијание врз сонот. Тоа ќе ви помогне вам, но и на вашите малечки кога не можат да заспијат.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more
 

Магазин

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе