Ширер, Бензема и сите други ѕвезди кои Јунајтед сакаше, а не успеа да ги донесе

Откако Ливерпул го победи Јунајтед за потписот на Дарвин Нуњес, редно е да се потсетиме на уште неколку играчи кои беа на радарот на „Црвените ѓаволи“, но никогаш не му се приклучија на клубот.

Преселбата на Дарвин Нуњес во Ливерпул предизвика Манчестер Јунајтед да ја пропушти својата цел за ангажирање на добар напаѓач ова лето, оставајќи го новиот менаџер Ерик тен Хаг да размислува за алтернативи.

Но, тој не е единствениот тренер на Јунајтед кој има вкусено разочарување на пазарот, а Сер Алекс Фергусон постојано не успеваше да ги привлече играчите за кои беше убеден дека ќе станат икони на „Олд Трафорд“.

Имајќи го тоа на ум, познатиот портал GOAL избра 10 истакнати играчи кои „Црвените ѓаволи“ ги посакуваа, но никогаш не успеаја да ги доведат во Мначестер...

Алан Ширер

Тоа е најдобриот играч што му побегнал на Сер Алекс Фергусон. Колку добар и да беше Јунајтед на Фергусон, колку ли само подобар ќе беше со Ширер во нападот?

Фергусон двапати пропушти да го потпише најдобриот стрелец во Премиер лигата на сите времиња - но, се чини најскапо го плати неуспехот да го донесе на „Олд Трафорд“ во летото 1996 година.

Садио Мане

Луи ван Гал има многу што да обкаснува за неуспехот на Јунајтед на трансфер пазарот за време на неговиот мандат во клубот, а можеби Мане е истакнат пример за целите што клубот ги пропушти за време на владеењето на Холанѓанецот.

Кога во 2015 Јунајтед се заинтересира за тогашниот напаѓач на Саутемптон, тоа се сметаше за изненадувачки потег - дури и ако репрезентативецот на Сенегал импресионираше на „Сент Мери“.

Џон Барнс

Фергусон беше сам виновен што не успеа да го победи Ливерпул за потписот на Барнс кога го напушти Ватфорд во 1987 година.

Иако менаџерот на Јунајтед беше огромен фан на англискиот крилен напаѓач, веруваше дека веќе е добро покриен на таа позиција со Јеспер Олсен.

Олсен, сепак, не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд “и не издржа долго под Фергусон.

Во меѓувреме, Барнс освои две титули во лигата и два ФА купа со Ливерпул, беше прогласен за играч на годината во 1988 година и двапати ја освои наградата за најдобар фудбалер на годината од новинарите, во 1988 и 1990 година.

Тони Крос

Легендата на Реал Мадрид и Германија е еден од ѕвездените играчи од средниот ред, кои Дејвид Мојс ги пропушти за време на неговите осум месеци на чело на „Олд Трафорд“.

Мојс веруваше дека има договор за Крос пред неговиот втор летен преоден рок, ставајќи ја тогашната ѕвезда на Баерн во срцето на неговата планирана реконструкција на тимот. Но, Мојс не го ни дочека крајот на сезоната, па сите негови планови пропаднаа.

Питер Брдсли

Њукасл побарал 3 милиони фунти од Јунајтед кога Фергусон сакал да го направи Брдсли дел од неговата голема обнова во летото 1987 година.

Англискиот репрезентативец, сепак, на крајот му се приклучи на ривалот Ливерпул за само 1,9 милиони фунти пред да стане клучен дел од незапирливите на Кени Далглиш следната сезона.

Џордан Хендерсон

Фергусон јавно призна дека бил голем фан на Хендерсон уште кога полека се појавувал во првиот тим во Сандерленд и мислел дека ќе биде идеален за Јунајтед. И кога се подготвувал да испрати понуда, медицинскиот тим на Јунајтед го советувал да не го носи бидејќи бил склон кон повреди.

Мик Харфорд

Пред доаѓањето на Ерик Кантона, и пред двапати неуспешната потера по Ширер, тука беше Харфорд – ветеранот напаѓач на Лутон Таун, кој со 33 години беше најневеројатната трансфер цел за тимот кој бркаше титула во 1992 година.

Иако постоеше интерес, Фергусон всушност никогаш не испрати формална понуда за Харфорд, а призна дека многу жали за тоа.

Ерлинг Холанд

„Црвените ѓаволи“ летово воопшто не беа сериозни кандидати за потписот на Холанд, но зимата 2019 година беа длабоко во потерата по младиот норвешки напаѓач.

Имаа и уникатна предност во менаџерот Оле Гунар Солскјаер. Не само што беше легенда во Норвешка, туку му беше и ментор на Холанд во Молде. Наместо Манчестер, Холанд замина за Дортмунд, па „Ѓаволите“ извисија за гол-машина, која сега ќе игра против нив и тоа во лутиот градски ривал Манчестер Сити.

Пол Гаскојн

Никој никогаш нема да знае дали Фергусон можел да ја скроти дивата страна на Гаскојн и да го инспирира да го достигне својот целосен потенцијал. Летото 1988 година тој беше сигурен дека го убедил плејмејкерот да ѝ се приклучи на неговата револуција во Јунајтед.

Наместо тоа, додека се релаксирал на одмор, Фергусон го слушнал неговото име преку гласниот звучник на хотелот. Тогашниот претседател на Јунајтед, Мартин Едвардс, бил на линија. Имал лоша вест: Гаскојн бил на пат за Тотенхем.

Карим Бензема

Кога Фергусон неволно се согласи да го продаде Кристијано Роналдо на крајот од сезоната 2008/09, имаше план како да ја пополни празнината што ја остави најдобриот играч на светот кој со напуштањето „Олд Трафорд“. Тој план беше Карим Бензема.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе