ЕВРОЛИГА 2023/2024

Шпанските и турските клубови се против понатамошното учество на Макаби во Евролигата

Шпанските и турските клубови во Евролигата на неодамнешниот состанок во Истанбул биле против Макаби да ја продолжи сезоната во Евролигата, тврдат израелските медуми.

Макаби поради војната во Израел и Појасот Газа, како и останатите клубови од оваа земја, мораа да ја напуштат државата. Синоќа Евролигата објави дека Макаби натпреварите на кои ќе биде домаќин ќе ги игра во Белград во салата „Александар Николиќ“.

Сепак, ваквиот развој на ситуацијата не им се допаѓа на некои важни членови на караванот во Евролигата.

Израелскиот портал „Вала“ дозна дека претставниците на шпанските (Реал, Барселона, Басконија, Валенсија) и турските клубови (Анадолу Ефес, Фенербахче) на последниот состанок од Евролигата - на кој се решаваше понатамошната судбина на Макаби - биле против Израелците да го продолжат натпреварувањето.

Тие сметале дека секој натпревар на Макаби повлекува вонредни безбедносни мерки кои сега ќе мора да ги преземе секој клуб, поради зголеменото непријателство кон Израелците. Ова ги зголемува трошоците за организирање на тие натпревари.

На состанокот Макаби добил поддршка од Панатинаикос, Олимпијакос, Милано, како и московска ЦСКА, која, како што е познато, не се натпреварува поради руската инвазија на Украина.

Евролигата не го ставила на гласање предлогот Макаби да биде домаќин во Белград, пренесува споменатиот израелски портал.

Се наведува и дека сопствениците на Макаби, Дејвид и Дени Федерман, дури се заканиле дека ќе ја напуштат Евролигата доколку не им биде дозволено да го продолжат натпреварувањето. Потоа се водела дискусија, по што било одлучено тимот до понатамошно известување своите натпревари како домаќин да ги игра во Белград.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе