На социјалната мрежа Twitter изминативе неколку дена кружи двеминутно видео со алтернативен крај на популарниот филм „Titanic“.
Судејќи според реакциите на корисниците, голем број луѓе не знаеле за оваа верзија на филмот со кој се прославија Кејт Винслет и Леонардо Дикаприо..
Иако беше презентиран неколку пати на разни интернет платформи, алтернативниот крај на филмот „Titanic“ е повторно вирален на Twitter. Еден корисник објави кратко видео во кое коментира колку е добро што режисерот Џејмс Камерон се одлучил за поинаков крај.
За потсетување, во оригиналниот крај старицата излегува на палубата и го фрла ѓерданот во морето. Во таа верзија таа е сама, но во алтернативната верзија е опкружена со тимот кој помина неколку години во потрага по ѓерданот.
Алтернативниот крај на филмот беше претставен уште во 2005 година на DVD-верзијата на филмот.