Што е „развод во сон“?

Сѐ повеќе парови применуваат секојдневно спиење во посебни простории.

Има и термин што идеално ја означува оваа појава - „развод во сон“. Може да биде корисно во спречување на идни жестоки расправии во вашата врска.

Разделувањето не мора да вклучува спор околу старателството над децата и поделбата на имотот. Всушност, „разводот во сон“ може да биде најдоброто нешто што некогаш сте го направиле за вашата врска.

Карсон Дејли, водител на емисијата Today, во септември изјави дека тој и неговата сопруга почнале да спијат одделно додека ја реновирале куќата и дека и двајцата имале корист од тоа. Тие не се единствените. Студијата на Mattress Clarity во која учествувале 3.000 луѓе во САД, открила дека 31 процент од нив биле подготвени да спијат одделно од своите партнери. Друго истражување на истата компанија покажа дека 19 проценти од Американците го обвинуваат својот партнер за лошиот сон.

Во случајот на Дејли, неговата сопруга е бремена, а тој има апнеа при спиење (нарушување на спиењето во кое дишењето застанува и започнува повеќе пати, што честопати резултира со гласно 'рчење), што се прифатливи причини да се одделат еден од друг за време на спиењето. Друга причина зошто би сакале да се одделите е претпочитањето на одредена собна температура и / или постелнина. Проблемот може да се појави и ако работите во различни смени на работа, вели др. Каролин Дин за списанието Health.

„Разводот во сон може лесно да се објасни: парот одлучува да спие одделно за да може и двајцата да спијат добро. Тоа може да значи спиење во посебни кревети во иста просторија или во посебни простории“, вели таа.

„Разводот во сон“ носи некои потенцијални придобивки: помалку проблеми со заспивање, помирен сон и помалку шанси да се разбудите среде ноќ. Вашето здравје генерално може да се подобри.

„Подобрениот квалитет на спиењето му овозможува на мозокот да ‘одмори’ и да го намали нивото на стрес. Го намалува и заморот во текот на денот, го подобрува расположението, издржливоста и фокусот. Ова веројатно ќе ги подобри односите - не само со вашиот партнер, туку и со пријателите, колегите“, објаснува д-р Дин.

Ако одлучите да го направите овој чекор, проверете дали вашата соба е правилно „подготвена“ за спиење. Исклучете ги електронските уреди како што се компјутерите и мобилните телефони и купете удобен душек. Затемнете ја просторијата и одржувајте ја собната температура помеѓу 16 и 20 степени. Обидете се да ја следите истата рутина за спиење секоја вечер.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе