Компанијата Volkswagen на 9 март официјално ќе ја претстави продукциската верзија на електричниот модел ID.Buzz.
Кога ќе пристигне на пазарот, обожавателите ќе можат да бираат меѓу различни верзии, а на располагање ќе им биде и модел со самостојно возење.
Основните модели ќе имаат погон на задните тркала и 200 KС, а најмоќната верзија ќе има погон на сите четири тркала и 300 КС. Во понудата ќе има и три батерии со различен капацитет.
ID.Buzz можеби нема да биде толку успешен како ID.4, но и покрај тоа би можел да биде еден од најважните електрични модели на Volkswagen.