Што се Лиридите кои вечерва ќе паѓаат на небото?

Сите оние што не сакаат да ги пропуштат „ѕвездите кои паѓаат“ месецов, треба вечерва да погледнат кон небото.

Пролетните Лириди, или „ѕвездите што паѓааат на пролетното небо“, се најстариот познат метеорски рој.

Во древка Кина нивниот „дожд“ бил бележен од 687 година пред нашата ера до 15 година п.н.е., а во XX век биле наречени Лириди.

Како лиридите го добиле името?

Името Лириди доаѓа од радијантот кој се наоѓа во соѕвездието Лира, поточно во близина на ѕвездата Вега. Во периодот од 15 до 26 април, нашата планета поминува низ трагата на остатоци што ја придружуваат кометата и кои во допир со атмосферата создаваат дождови од светли ѕвезди кои паѓаат.

Тоа значи дека овој метеорски рој е активен од 16 до 25 април, а годинава ќе биде во својот зенит ноќта меѓу 21 и 22 март.

Од моментот кога Лиридите ќе достигнат половина од својот зенит, потребни се од 12 до 36 часа за да се вратат на истата вредност.

Кога да се набљудуваат Лиридите?

Секоја година, во втората половина на април, Земјата минува низ фрагментите на кометата Тачер. Сепак, има ноќи кога оваа појава станува уште пофасцинантна. Оние кои не сакаат да ги пропуштат ѕвездите што паѓаат, треба да погледнат во небото ноќта меѓу 21 и 22 април, кога ќе бидат највидливи.

Оваа година треба да биде навистина фасцинантна, со оглед на фактот дека нема да има нарушувања во однос на лунарниот сјај. Фазата на полна Месечина всушност заврши пред неколку дена, давајќи ни сугестивен спектакл на Розовата Месечина, а доколку времето дозволи, ќе можеме да им се восхитуваме на Лиридите на небото без пречки и отсјај.

Стапката на активност на Лиридите е доста висока, така што секој час ќе можеме да броиме од 10 до 30 ѕвезди кои паѓаат.

А, ако имаме среќа, можеме дури и да бидеме сведоци на воодушевувачко шоу, со 3-5 метеори во минута. Ова се случило во 1803 и 1982 година во Америка, но и во 1922 година во Грција и 1945 година во Јапонија, каде набљудувачите на небото можеле околу еден час да се восхитуваат на налетите на над 180 светлосни траги.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе