Што се случува кога ќе си легнете по јадење?

Нема ништо поубаво од дремка по ручек, нели? Но, многу лекари советуваат дека тоа не треба да го правите бидејќи може негативно да се одрази на здравјето.

Постои можност храната што сте ја изеле да се врати назад во грлото (заедно со малку желудочна киселина). Ако тоа се случи, можат да се појават симптоми како чувство на печење во грлото и во градите, кисел вкус во устата, па дури и повраќање.

Истражување во Applied Psychology Nutrition, and Metabolism покажа интересни резултати според кои положбата на телото во текот на ручек влијае на варењето на храната, поточно на апсорпција на хранливите материи. Истражувачите проучувале како јадењето храна во седечка, исправена или лежечка положба влијае на варењето. Така дошле до откритие дека јадењето храна во лежечка положба го поттикнува празнењето на желудникот и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.

Дали е препорачливо да се легне веднаш по оброкот?

Вистината е дека не постои сценарио во кое лежењето на кревет веднаш по оброк е препорачливо. Луѓето со одредени здравствени проблеми треба да бидат особено внимателни. На прво место треба да внимаваат пациентите со гастроезофагелен рефлукс, па дури и со состојби на хијатусна хернија. Не се препорачува да лежат по јадење.

По правило, по јадење е подобро да седите или најмалку половина час да шетате. Освен тоа, важно е да внимавате кога вечерате, за да не си легнете со полн стомак.

Последниот оброк треба да биде најмалку два часа пред легнување, а по вечерата најдобро е да направите кратка прошетка.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Здравје

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе