Што се случува во организмот ако намалите со солта?

Во умерени количини, солта е важен дел од нашата исхрана. Солта е електролит, клучна за одржување хомеостаза во телото, овозможувајќи им на телесните функции да работат постојано и без пречки.

Помага во рамнотежа меѓу течностите и минералите, а помага и во контролата на движењето на мускулите. Ако немаме доволно натриум, копнееме по него. Но, премногу натриум може да доведе до негативни последици. Еден од тие ефекти е потенцијално зголемување на ризикот од срцеви заболувања. Ако веќе имате заболување, важно е да внимавате колку натриум внесувате. Според нова студија објавена во The Lancet Journal, намалувањето на натриум може да спречи преоптоварување со течности. Во студијата, истражувачите користеле информации од меѓународно, отворено, контролирано испитување познато како SODIUM-HF.

Испитувањето вклучило пациенти кои биле над 18 години, а кои се наоѓале на 26 локации во 6 земји. Пациентите биле под медицински третман кој не предизвикувал неприфатливи нус појави. Истражувачите потоа тестирале дали намалувањето на натриум во исхраната го намалува зачестувањето на идните клинички настани. На 806 пациенти им внеле исхрана со низок процент на натриум во период меѓу 24 март 2014 и 9 декември 2020 година. По испитувањето е утврдено дека хоспитализацијата предизвикана од кардиоваскуларни болести е за 2% помала кај пациенти на исхрана со низок удел на натриум во однос на пациенти на вообичаена нега.

Ограничувањето на натриум во исхраната помага во намалувањето на дополнителна течности околу срцето, белите дробови и нозете. Ако имате вишок течности во телото, тоа предизвикува срцето да работи потешко. Тоа потенцијално ќе го зголеми вашиот крвен притисок.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе