Што се случува во телото ако пиете кафе пред утринскиот тренинг?

Б.С.Б.
/ 19.01.2022 / 11:49

Освен што ја стимулира дигестијата, кафето има и други предности.

Обично, кога стануваме наутро, имаме обичај да посегнеме по шолја кафе. За многумина тоа е начин да се разбудат и подготват за денот што претстои. Затоа е добро да се знаат предностите од консумирање кафе наутро, особено пред првиот тренинг.

1. Побрзо и полесно закрепнување на мускулите

Консумирањето кафе пред тренинг предизвикува антиифламаторен одговор во телото, што може да помогне во процесот на закрепнување кога мускулите се воспалени. Кофеинот помага во отстранување на оксидативниот стрес предизвикан од преголемото напрегање во текот на вежбањето.

2. Ги намалува проблемите со дигестија

Јогата, трчањето и другите активности можат да го стимулираат дигестивниот систем. Тоа не претставува голем проблем кога тренирате во домот или во теретана. Ако сепак сте отишле да трчате во природа, не е баш пожелно да бидете далеку од дома ако ви се јави физиолошка потреба. За да го намалите ризикот од проблеми со дигестијата, се препорачува да испиете шолја кафе најмалку половина час пред вежбање.

3. Дополнителна мотивација

Кафето еднакво добро мотивира во текот на вежбањето како и вашата омилена музика. Ова е потврдено во истражување чии автори ги испитале ефектите на кофеин во изведување вежби за издржливост.

4. Дополнителна енергија

Кафето ја зголемува концентрацијата, но е добар лек и против утринската мрзливост. Кога пиење кафе по станување, имаме помала желба да се вратиме во кревет и да продолжиме со спиење, тоа ни дава и вишок енергија потребен за соочување со секојдневните обврски, меѓу кои и физичката активност.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе