Шведска најави зајакнување на безбедносните контроли по палењето на Куранот

Заканите против Шведска се зголемени по неодамнешното палење на копии на Куранот, објави денеска шведската влада, најавувајќи дека ќе ги зајакне граничните и внатрешните контроли и ќе и даде на полицијата поголеми овластувања да го запре и претресува населението.

Во последниве денови, низа протести се одржаа во Шведска и Данска за време на кои копии од Куранот беа запалени или на друг начин оштетени, предизвикувајќи гнев кај муслиманските земји и барања од нордиските влади да престанат со вакви инциденти.

Но, во понеделникот повторно се случи инцидентот со палењето на светата книга на исламот. Затоа, двете земји најавија дека истражуваат начини за легално спречување и ограничување на ваквите дела, обидувајќи се да влијаат на деескалација на тензиите.

Премиерот Улф Кристерсон рече дека безбедносната ситуација во Шведска е сложена, не само поради нејзиниот одложен пристап во НАТО. Владата привремено ќе ја зајакне внатрешната безбедност и граничните контроли и ќе и даде на полицијата повеќе овластувања кога станува збор за запирање и претрес на луѓе, рече тој.

„Сè што е легално не е и за пример“

Истовремено, тој ги повика сите да ја користат слободата на говор одговорно и со почит. „Во слободна земја како Шведска, имате и многу слобода. Но, со толку голем степен на слобода доаѓа и голем степен на одговорност“, рече Кристерсон на прес-конференција.

„Сè што е легално не е и за пример. Тоа може да биде лошо и страшно, но во исто време и легално. Се стремиме да промовираме почит меѓу земјите и народите“, рече шведскиот премиер. Во понеделникот, 57-члената Организација за исламска соработка (OIC) се состана на вонредна седница за да разговара за неодамнешните настани. Палењето на Куранот беше остро осудено.

Организацијата ги повика земјите-членки да преземат соодветни политички или економски мерки во земјите каде што се сквернават примероци од Куранот.

Кристерсон, исто така, рече дека сеопфатните промени на законите за слобода на говорот во Шведска моментално не се „на маса“, но дека владата размислува за промени што ќе и овозможат на полицијата да спречи палење на копии од Куранот во јавноста, доколку тоа претставува закана за безбедноста на Шведска.

„Имаме сосема различни политички системи, сосема различни ставови за човековите права, вклучително и слободата на говорот. Треба да знаете дека Шведска не е склона да се прилагодува на барањата на другите земји кон нашата земја. Едноставно не е така, ние не се прилагодуваме“, беше јасен шведскиот премиер.

Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе