Швеѓанката Лорин со песната Tattoo е победничка на Евровизија 2023

Швеѓанката Лорин е победничка на 67. издание на Изборот за песна на Евровизија со песната „Tattoo“. Синоќа во Ливерпул се одржа финалето на споменатото музичко натпреварување на кое таа освои 583 поени.

На второ место заврши Финецот Каарија кој ја отпеа „Cha Cha Cha“. Тој освои 526 поени. Третото место го зазеде израелската пејачка Ноа Кирел со песната „Unicorn“ освојувајќи 362 поена.

Најлошо помина германскиот метал бенд „Lord of the Lost“ со само 18 поени. Ниту претставничката на Обединетото Кралство, Меј Мулер (28 поени), ниту репрезентативецот на Србија, Лук Блек (30 поени), не се прославија.

Remote video URL

Лорин беше миленик на обложувалниците од самиот почеток. Од претставувањето на песната „Tattoo“ сите очи беа вперени во пејачката, а со 8 милиони стримови на Spotify таа беше и број еден на шведската Топ 50 листа.

Remote video URL

Во 2012 година Лорин победи на Евровизија во Баку со песната „Euphoria“. Лорин потоа се најде во среде скандал бидејќи се сретна со локални активисти за човекови права кои ѝ кажале за недостатокот на демократија во поранешната советска држава. Подоцна таа на новинарите им рече дека во Азербејџан секојдневно се кршат човековите права и дека таквите работи не треба да се премолчуваат.

Remote video URL

Портпаролот на владата на Азербејџан изјави дека натпреварувањето не треба да се политизира и побара од организаторите на Евровизија да спречат вакви средби. Шведските дипломати одговорија дека Лорин не постапила спротивно на правилата на Изборот за песна на Евровизија.

Во 2017 година, Лорин во една емисија изјави дека е бисексуалка, што предизвика ентузијазам кај нејзините обожаватели кои припаѓаат на ЛГБТ заедницата. Во меѓувреме, таа стана нивна миленичка. Рече дека на нив им го должи својот голем успех во музичката индустрија.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе