Симон Трпчески ќе ја отвори новата концертна сезона на Филхармонија

Новата концертна сезона на Филхармонија, насловена „Филхармонија во движење“ започнува в четврток со концертот „Данте 700“.

– Насловот на новата концертна сезона алудира на фактот дека во екот на најголемата пандемија нашата институција не ги затвори портите за својата публика, туку продолжи да се движи и да ја реализира својата програма, изјави Тина Иванова, в.д. директорка на Филхармонија, на денешната прес-конференција по повод новата сезона.

Концертот што ќе ја отвори новата сезона содржи програма со две дела од Франц Лист, диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист настапува исклучителниот македонски пијанист Симон Трпчески.

Маестро Бебешелеа изјави дека му претставува задоволство што е заедно на сцена со Трпчески и оти настапувале секаде низ светот, но ова ќе биде прв заеднички настап во Македонија.

– Моите концерти оваа сезона во Филхармонија се на некаков начин врзани со времето, како тоа се отсликува на позитивен и на негативен начин. Таков ќе биде и проектот насловен „Време“ со кој ќе ја затвориме оваа концертна сезона, додаде Бебешелеа, кој истовремено е и шеф-диригент на Филхармонија.

Симон Трпчески вели дека е пресреќен што ќе настапи заедно со маестро Бебешелеа и оркестарот на Филхармонија.

– Програмата на концертот „Данте“ е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното, истакна Трпчески.

Директорката Иванова најави дека во новата концертна сезона ќе настапат исклучителни солисти како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Јужна Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреј Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина Јапонија), кваретот „Баланеску“… Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и др. Освен солистите кои доаѓаат од различни краишта на светот, ќе настапат и домашни уметници – Ана Кондратенко, Ева Богоевска, Маја Чаначевиќ, Паскал Краповски.

На програмата, освен „железните“ класици на симфонизмот, Иванова најави дека има и дела од модерни и современи автори кои првпат ќе прозвучат во Филхармонија, како антологиското дело „Музика за 18 музичари“ од американскиот композитор Стив Рајх кое премиерно ќе биде изведено на 14 октомври.

Директорката на Филхармонија најави и нова веб-страница со модерен и автентичен дизајн, богата со различни содржини врзани со работата на институцијата.

– На страната освен основните информации за настаните и тековните содржини, ќе може да се слуша и симнува музика во изведба на Филхармонија, како и да се преземе електронска верзија на Филхармонискиот весник кој го издава институцијата. На неа ќе можат да се најдат различен тип на корисни информации врзани за сите активности на Филхармонија, додаде таа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе