Сите лица во самоизолација ги почитуваат мерките, издадени 474 казни за неносење маска

Полициските службеници досега констатирале вкупно 26.450 прекршоци за неносење лична заштита на лицето за превенција на зараза со COVID-19, од кои 474 прекршоци се евидентирани во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат, во текот на изминатото деноноќи извршени се 85 контроли во објекти при што евидентиран е 1 објект кој не ги почитувал одлуките на Владата.

На територијата на целата држава на вкупно 205 лице им се издадени решенија за изолација, а 5 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, извести министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој во објавата на социјалните мрежи додаде дека полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата и во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата.

Чулев повторно апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и „сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе