Скопје блеска во новогодишен амбиент среде април

Четири и пол месеци по дочекот на Новата година, во Скопје сѐ уште владее новогодишна еуфорија. Причина за тоа се украсите кои сѐ уште не се целосно отстранети, а зошто е тоа така не знаат ни граѓаните, ни туристите.

И покрај тоа што се заклучени и не се користат, новогодишните куќарки кои Град Скопје ги стави на Плоштадот „Македонија“ пред Нова година сѐ уште се таму.

Освен куќарките, долж булеварот „Свети Климент Охридски“ не се извадени дел од новогодишните украси. Иако не светат, сѐ уште висат сијаличките и чадорчињата над булеварот.

Која е причината што строгиот центар на Скопје среде април има новогодишни украси засега не се знае.

Лани главниот град беше украсен една недела пред дочекот на Новата година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. За украсувањето се заинтересира и финансиската полиција, но оттаму досега немаат соопштено до каде е истрагата за тоа кој го украсил градот и за колку пари.

Поради критиките дека градот доцна беше украсен, градоначалничката Арсовска најави дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе