Скопските градоначалници се здружија во борба против загадувањето

Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на 10-те скопски општини денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата.

„Од денеска, за комуналниот ред и животната средина во Скопје повеќе не постојат административни граници и пречки. Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини од денеска се дел од еден заеднички тим. Ваквиот заеднички тим го формираме заради заштита на животната средина и природата, за преземање мерки за заштита и спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење утврдени во Законот за локална самоуправа. Нашата заедничка цел е воспоставување ефикасна и независна инспекциска служба, целосно елиминирање на просторот за злоупотреби, со повеќе казни за оние што не го почитуваат законот и повеќе едукација за граѓаните во превентивна насока. Затоа со овој меморандум ги поставуваме основите за заедничко институционално делување во делот на инспекцијата, го прошируваме и надградуваме тимот и го унапредуваме целиот процес пред формирањето на заедничка комунална полиција која во градови со големина на Скопје е повеќе од неопходна“, рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција.

Со воспоставувањето ефикасен систем на контрола врз почитувањето на законите, додаде тој, во овој дел се најавува бескомпромисна борба со сите фактори кои претставуваат закана за средината во која живееме, природниот амбиент, воздухот, водата и почвата кои мора да бидат заштитени заради заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е еден голем чекор напред што го воспоставуваат општините. Сакам да се заблагодарам на сите градоначалници на скопските општини за нивната политичка зрелост да пристапиме кон еден ваков чин. Нашите планови за во иднина се да најдеме начин да ја прошириме оваа соработка не само на регионално ниво, туку да формираме заеднички тимови и со државните инспекторати за делување во повеќе области. Политичка волја постои, постојат ресурсите, а постојат и желбата и поривот да живееме во чиста и здрава животна средина. Со тоа ги исполнуваме основните предуслови за заедничко делување. Убеден сум дека за една година ќе можеме повторно да се собереме со конкретни извештаи и со конкретни бројки кои ќе покажат дека сме биле во право кога сме верувале дека може да се делува заеднички и може да се успее“, нагласи Шилегов.

На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалниците на скопските општини Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Сарај.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе