ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ 2023 - БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА

Слоновите владеат со Африка, Нигерија загуби со пресврт

Филип Здравески
/ 11.02.2024 / 23:23

Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Брегот на Слоновата Коска, со пресврт и победа од 2:1 во големото финале го совлада фаворитот Нигерија и по третпат стана континентален шампион.

Откако едвај ја минаа групата со само една победа и два пораза, и тоа 1:0 токму од вечерашниот противник и 4:0 понижувањето од Екваторијална Гвинеја, популарните „Слонови“ првенството го завршија со бајка. Среде турнир направија и промена на селекторот врачувајќи му отказ на францускиот стратег Жан-Луи Гасет и го назначија домашниот стратег и дотогашен асистент Емерс Фае за в.д. селектор.

URL

На преполниот „Аласан Уатара“ стадионот во Абиџан прва поведе Нигерија преку Вилијам Трост-Еконг кога во 38. минута со глава го матираше Јахја Фофана.

URL

Домаќините се мачеа да се вратат во игра и делуваше дека „Супер Орлите“ ја контролираат играта. Конечно стадионот еруптираше во 62. минута кога Франк Кесие израмни, исто со глава.

Двете екипи се гледаше дека не сакаат да играат продолженија, па нападите наизменично се менуваа. Победничкиот гол беше мала мајсторија на Себастјан Алер во 81. минута кога со скок удар со нога во стилот на Златан Ибрахимовиќ го претвори во гол нафрлувањето на Симон Адингра. Токму Адингра на крајот беше прогласен за МВП на финалето.

URL

Нигерија не успеа да израмни и по 7 минути надополнување мавританскиот судија Баан Беида означи крај.

Интересно, ова беше петто финале за Брегот на Слоновата Коска, а во претходните четири секогаш победникот се решаваше на пенали и тоа, внимавајте, откако сите четири завршуваа 0:0. „Слоновите“ не само што прв пат постигнаа гол во едно финале, туку и конечно нивно финале заврши во регуларниот дел. Брегот на Слоновата Коска претходно ја освојуваше Африка на првенствата во 1992 и 2015 победувајќи ја двапати Гана, а губеше во 2006 и 2012 од Египет и Замбија.

За Нигерија ова беше осмо финале, а по петти пат остана без пехарот. „Супер Орлите“ имаат 3 титули од првенствата во 1980, 1994 и 2013.

Синоќа во натпреварот за третото место Јужна Африка го совлада ДР Конго на пенали 6:5 откако по 120 минути игра немаше голови.

Најдобар стрелец на турнирот со 5 гола е Емилио Нсуе од Екваторијална Гвинеја, па тој ја освои Златната копачка.

URL

Златната ракавица за најдобар голман замина во рацете на Ронван Вилијамс, голманот на Јужна Африка.

URL

Капитенот на поразениот финалист, Вилијам Трост-Еконг, ја освои утешната награда за МВП на првенството. Како за стопер беше одличен голгетер бидејќи покрај голот во финалето претходно постигна уште два.

URL

Наредното африканско првенство ќе се игра во јуни и јули 2027 година во Мароко.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе