Американската пејачка Тејлор Свифт објави нова песна наречена „You All Over Me“, напишана за албумот „Fearless“ од 2008 година.
Песната е во кантри стил, препознатлив за Тејлор. Пејачката одлучи повторно да ги сними песните планирани за албумот од 2008 година, а кои претходно не беа „одбрани“.
Албумот ќе содржи 6 „отфрлени“ нумери меѓу кои ќе биде и „You All Over Me“.
Како бонус за обожавателите неодамна објави ремикс од повторно сниманата верзија на песната „Love Story“.
Новиот албум со „оживеани“ песни ќе излезе на 9 април.