Сменете ги утринските навики ако сакате да слабеете

А.С.
/ 24.12.2021 / 08:49

Дали некогаш сте помислиле дека вашите утрински ритуали ве спречуваат во намерата да ослабите, иако вежбате и се трудите да се храните здраво?

Внимавате на сѐ, а никако да ги симнете вишокот килограми. Ако се препознаете во овие утрински навики, време е да промените нешто.

Многу спиете

Ако премалку спиете, хормонот на стрес кортизол што се произведува кога сте ненаспани, ви го зголемува апетитот. Но, и премногу спиење не е на добро, барем не за вашата линија. Резултатите од едно најново истражување покажаа дека спиењето повеќе од 10 часа може да го зголеми индексот на телесна маса, особено спиењето до доцна наутро (секако, ако можете да си го дозволите тој „луксуз“).

Се спремате во мрак

Кренете ги ролетните или отворете ги завесите кога ќе станете од спиење. Утринската светлина ќе го разбуди вашиот метаболизам и целото тело. Како очекувате денот да ви биде исполнет со енергија, ако се спремате во полутемница и не го подготвувате телото за активностите што следат? 20 до 30 минути дневна светлина е доволно за да влијае на индексот на телесна маса.

Не го местите креветот

Можеби ви звучи чудно, но дозволете да ви објасниме за што се работи.  Едно истражување во САД покажа дека луѓето кои го местат креветот наутро не само што се раздвижуваат и со тоа го поттикнуваат метаболизмот, туку и подобро спијат навечер, што како рековме е важно за одржување на линијата.

Јадете премалку наутро

Не е тајна дека здравиот и балансиран појадок е важен за да имате енергија во текот на денот. Ако изедете квалитетен утрински оброк, ќе го потрошите во текот на денот и нема да бидете прегладнети до ручек. Балансираната исхрана е важна ако сакате да се решите од тие вишок килограми.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фит

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе