На околу 15 километри од градот Катанѕаро во Италија, во Средоземното Море, потона јахта долга 40 метри.
Се појавија и снимки од моментот кога суперјахтата целосно замина во длабочините на Медитеранот.
Овој 40-метарски брод наишол на потешкотии на околу 15 километри од пристаништето во Катанѕаро, град во Јужна Италија во регионот Калабрија.
Италијанската крајбрежна стража ги спасила сите девет лица во јахтата - четворица патници и пет членови на екипажот - кои патувале од Галиполи до Милацо кога јахтата почнала да тоне.
Започната е истрага за утврдување на причината поради која потонала јахтата.