Во првиот натпревар после два месеца пауза Енис Барди успеа веднаш да се запише во листата на стрелците и тоа со прецизно изведен слободен удар.
Леванте гостува кај Ваљадолид во рамките на осминафиналето од Копа дел Реј, а македонскиот репрезенттаивец доби шанса да го почувствува зелениот терен првпат по незгодната повреда на грбот која го оддалечи два месеца од терените.
Леванте губеше со 1:0 кога во 23. минута Барди израмни на 1:1. Изведе слободен удар и успешно го надмудри живиот ѕид шутирајчи по земја. Ова е прв гол за него сезонава и тоа после повредата која ја заработи на репрезенттаивниот собир пред баражот со Грузија.
Барди немаше одиграно натпревар од 8 ноември и ремито 1:1 дома против Алавес во Ла Лига, а потоа се случи кобниот тренинг во Скопје кога доби дискус хернија.
Играта ја напушти во 55-тата минута, а потоа неговиот тим поведе и со 4:2.