Со моделот Tonale започнува новата ера на Alfa Romeo

Секој нов модел на Alfa Romeo привлекува големо внимание, а сега тоа е случај и со првиот компактен SUV на италијанската компанија, наречен Tonale.

На салонот во Женева во 2019 година го видовме концептот Tonale, а серискиот модел го носи истото име и има речиси идентичен дизајн без значајни промени, што значи помали бандажи, поголеми фарови и ретровизори, стандардни бришачи и рачки на вратите.

Tonale ќе им биде ривал на Audi Q3, BMW X1 и Mercedes GLA. Понудата на мотори вклучува два конвенционални хибриди, plug-in хибрид и стандардни мотори со внатрешно согорување. Сите се споени со автоматски менувачи без разлика на погонот на предните или на сите тркала.

Remote video URL

Долг 4.530 mm, висок 1.600 mm и широк 1.840 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.636 mm. На европскиот пазар ќе пристигне во текот на летото годинава, а цените сѐ уште не се потврдени.

Сегментот на мали теренци цвета, а по овој рецепт е создаден и Tonale. Достапен е со три хибридни опции, така што е и прв електрифициран модел на Alfa Romeo. Компанијата вети подобар квалитет на ентериерот, кој може да се најде во поскапите модели.

Во споредба со концептот Tonale од 2019 година, серискиот модел изгледа помалку агресивно поради предните и задните светла, поголемите странични ретровизори и краците на вратите. Tonale се заснова на еволуцијата на постарата платформа FCA што ја користат Jeep Compass и другите модели, но во случајот со Tonale содржи повеќе алуминиум и е прилагодена на новите хибридни погони. Tonale е 46 mm подолг и 16 mm поширок од Audi Q3, а стандардно доаѓа со четириклипни Brembo сопирачки клешти, амортизери Koni со FSD систем и опционални адаптивни верзии, кои ветуваат повозбудливо возење. Нема механички диференцијал со ограничено лизгање, но има верзија заснована на сопирачки која помага при подуправување при големи брзини и проблеми со влечење на одредени површини.

Благодарение на Tonale, Alfa сега има хибриди во понудата, не една, туку две конвенционални хибридни варијанти, plug-in хибридни и конвенционални мотори со внатрешно согорување. Нивната достапност ќе зависи од пазарите.

Двата стандардни хибриди се состојат од 1,5-литарски бензински мотор со 4 цилиндри, поврзан со електричен мотор од 48 волти од 15 kW, а оваа комбинација ги придвижува предните тркала на кои силата се пренесува преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Основната верзија развива 128 КС со дополнителен електромотор од 20 КС, а поскапата доаѓа со турбополнач со променлива геометрија (VGT) и испорачува 158 КС со гореспоменатиот електромотор со дополнителни 20 КС.

Во случајот на двата модела ќе може да се движите, возите и паркирате со исклучиво електрична енергија. Alfa ветува економија еднаква на дизел моторот што некои европски земји всушност ќе го добијат на крајот. Но, клиентите кои претпочитаат Tonale со погон на сите тркала, треба да го изберат моделот Q4 што Alfa првенствено го разви имајќи ги предвид пазарите во САД и Блискиот Исток повеќе отколку во Европа.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе