КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Со наредба од државниот врв фудбалерите на Израел ќе имаат перформанс во Приштина

Фудбалската репрезентација на Израел денеска замина за Косово, каде в недела ќе игра против домашната селекција во рамките на квалификациите за ЕУРО 2024, а Израелците го гледаат мечот како многу повеќе од фудбалски натпревар, па затоа подготвуваат специјален перформанс.

Имено, според тамошниот медиум ynet, оваа посета фудбалерите ќе ја искористат за да испратат порака за настаните за време на нивната опсада на Газа.

Како подготовка за патувањето, Фудбалската федерација на Израел се опреми со големи пакети кои вклучуваат промотивен материјал, со цел да ја искористи меѓународната сцена за презентации на материјали на тренинзите, прес-конференциите и натпреварите.

Тоа вклучува, меѓу другото, десетици фотографии од киднапираните Израелци, вклучувајќи постери и специјални маици што играчите ќе ги носат на кои пишува „Нашето срце е заробено во Газа“.

Натпреварот со Косово се игра в недела од 20:45 часот на „Фадиљ Вокри“ стадионот во Приштина.

Израелците дури добија одобрение да одржат едноминутно молчење во спомен на загинатите на следните два „домашни“ натпревари во Унгарија против Швајцарија и Романија.

Напаѓачот на шпанска Гранада, Шон Вајсман, отворено проговори за тоа како се чувствуваат израелските фудбалери.

„Не можете навистина да размислувате за фудбалот. Но, ако постои и најмала работа што ни овозможува да се насмееме, ние сме тука да го направиме тоа. Очигледно, тоа ни дава мотив. Вчера ги посетив војниците и ние сме нивните најголеми навивачи. Ако преку фудбалски натпревар, кој изгледа како нешто толку неинтересно и важно, можеме да ја насмееме нашата земја, ќе дадеме сѐ од себе“, рече Вајсман, додавајќи:

„Моето срце е секогаш во Израел, дури и кога не сум тука. Се надевам дека ќе слушнеме добри вести. Не зборував за мојата приватност и моето семејство. Имам сопруга и две деца кои ми се сѐ, тие се најважни и видов дека зборувањето или било што друго не помага. Не е лесно време за нас. Да се ​​биде Евреин во Европа не е најзабавно“, додаде напаѓачот на Гранада.

Израел во моментов е на третото место во групата И во квалификациите, зад Романија и Швајцарија, но сепак има реални шанси за прв пат да се пласира на заврпнбицата со оглед на тоа што има два заостанати натпревари. Израел почнувајќи од недела ќе одигра дури четири натпревари: прво одложените против Косово (недела) и Швајцарија (среда), а потоа во редовните термини против Романија (сабота, 18.11) и Андора (среда, 21.11).

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе