УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Сопругите на Англичаните спремни за ЕУРО: Ноќевање во германски замок за 2.000 евра

Сопругите и девојките на репрезентативците на Англија решија убаво да се забавуваат на Европското првенство во Германија откако мораа да внимаваат на облекувањето и однесувањето за време на Мундијалот во Катар, пишува британски The Sun.

Кон крајот на минатата година, за време на Светското првенство во Катар, како и другите жени кои пристигнаа во оваа земја, мораа да ја почитуваат локалната култура и правила.

Не можеа да пијат алкохол, добија предупредување за слушање гласна музика, но следниот јуни ќе уживаат во слободата, па сега трошат време планирајќи го патувањето на овој турнир.

The Sun наведува дека сопругите на фудбалерите веќе фрлиле око на потенцијално сместување, а се работи за замок во кој ноќевање чини околу 2.000 евра.

Замокот се наоѓа во Кронберг, во близина на Франкфурт, градот каде Англија ќе го одигра вториот натпревар од групната фаза против Данска.

„Тие сериозно размислуваат за идејата да одат во замок. Одлучија да ги пуштат косите по ограничувањата во Катар, но сепак ја сакаат својата приватност. Замокот што го избраа е надвор од градот и опкружен со шума. Тие се многу возбудени за првенството, а за разлика од Катар, можат безгрижно да уживаат во него“, пишуваат Британците.

Инаку, овој замок-хотел, меѓу другото, има и батлери и масери, а на своите гости им обезбедува и изнајмување лимузини и луксузни автомобили.

URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе