Состојбата со COVID-19 е крајно сериозна, болниците се полни

Скопје, 7 ноември 2020 (МИА) – Состојбата со коронавирусот е крајно сериозна. Бројот на нови пациенти со COVID-19 секојдневно расте, а болничките капацитети забрзано се пополнуваат.

Целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а во функција е ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети. Отсега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со COVID-19, но, според надлежните, нема потреба да се ангажираат капацитетите на приватните болници.

Дополнителни 150 болнички капацитети ќе бидат на располагање на Интерните клиники за третман на пациенти со COVID-19.

Здравствените власти сметаат дека во моментов нема потреба од дополнителни рестрикции, велат дека имаме одлично димензионирани мерки. Повторно се апелира да се почитуваат сегашните мерки, да не се излегува од дома ако се нема потреба (во маркет, на работно место или во училиште).

Клучот во битката и стабилизирањето на состојбата, како што нагласи вчера министерот за здравство Венко Филипче, е доследното почитување и придржување до мерките. Според него, во следните две до три недели ќе го видиме ефектот од мерките, но доколку тие се почитуваат.

Есенскиот бран освен во болниците го зголеми притисокот и врз пунктовите за тестирање. Минатата недела се зголемени капацитетите во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје со дополнителна смена и лабораторијата во болницата во Козле за 400 до 500 тестови на ден.

Се вклучуваат и брзите тестови кои ќе се прават во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје, во болничките установи, каде се примаат пациентите и не само во Скопје, туку и во другите болници. Дополнителни шест пункта ќе работат од понеделник во Скопје, согласно распоредот за тоа колку време е потребно да се направи брз тест. Почнувајќи од понеделник, дополнителни 500 термини во денот ќе бидат на располагање на сите граѓани.

Вчера се регистрирани 1.128 новозаразени со коронавирусот, од кои над половината (569) се во Скопје. Оздравеа 307 пациенти, а починаа 12 лица.

Според последната епидемиолошка анализа и натаму најмногу активни случаи има во Скопје – 6372, во Тетово – 821, Прилеп – 721, Струмица – 614, Велес – 609, Куманово – 605, Битола – 442, Штип – 381, Охрид – 357, Гостивар – 338, Кавадарци – 322, Кочани и Кичево по 244.

Во болниците вкупно се хоспитализирани 895 пациенти, на кислородна поддршка се 130, а тројца се на респиратор.

Во просек, како што информираше вчера директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ, лекувањето од Ковид кај пациенти со средно тешка клиничка слика трае околу 16 дена.

– Сите ние сме различни и различно реагираме на третманот, но различно реагираме и на инфекцијата и на која било друга болест. Во просек околу 16 дена се лекува една средно тешка клиничка слика на Ковид, а тешките клинички слики се лекуваат многу подолго поради последиците што ги остава инфекцијата, рече Стевановиќ, посочувајќи дека еден од сериозните ризици е и дебелината, која, како што рече, не се сфаќа сериозно кај нас.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37.499, бројката на оздравени е 22.835, на починати е 1.096, а бројот на активни случаи изнесува 13.568. Досега во земјава се направени вкупно 265.528 тестирања на COVID-19.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе