Советот на Град Скопје му додели 15 милиони денари помош на ФК Вардар

Советот на Град Скопје со 19 гласови „за“, 5 „против“ и 4 „воздржани“ денеска усвои амандман поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за доделување финансиска помош од 15 милиони денари на ФК Вардар. Градоначалничката Данела Арсовска оцени дека со оваа помош „ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите“ и ја повика Финансиската полиција да изврши контрола во клубот.

Таа истакна дека е потреба сериозна анализа и изнаоѓање на соодветно трајно решение за овој проблем, барајќи клубот да се врати под ингеренции на Град Скопје.

– Од 2021 година клубот го има преземано фирма којашто го однела во втора лига. Таа фирма нема исполнето ниту една од обврските согласно договорот за купо-продажба, односно исплата на обврските од над два милиона евра којашто ги презела за да може да го води ФК Вардар, истакна Арсовска.

Таа додаде дека Градот Скопје нема никакво влијание и контрола на одлуките на оваа фирма, и дека со одлуката за помош наместо да се реши целиот проблем, ќе се доделат 250 илјади евра на приватни фирми коишто го имаат донесено ФК Вардар во оваа состојба, а притоа Градот нема да има никаков удел ниту во контролата, ниту во тоа што се случува таму.

– Освен што ќе ги наполниме џебовите на приватна фирма и што ќе ги наполниме џебовите на извршители коишто ја имаат блокирано сметката на фудбалскиот клуб, јас не гледам дека нешто друго ќе реализираме. Што ќе исполниме со ова? Сметам дека прво треба да повикаме една акција на Финансиската полиција, сите надлежни институции, да влезат внатре, да видат на кој начин работи и функционира ФК Вардар во изминатата година, истакна Арсовска.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, изјави дека фудбалерите веќе четири месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.

– ФК Вардар е во многу големи проблеми и да не е во сопственост на градот, но за состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на Градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во втора лига со милионски долгови, посочи Нелоски.

Вардар по 12 одиграни кола во 2.МФЛ се наоѓа на второто место, каде викендов падна од лидерската позиција откако киксираше играјќи само 1:1 дома против Беласица. Лидер е Гостивар со 30 бодови, еден повеќе од Вардар, додека трета е Воска Спорт со 27. Првопласираните две екипи на крајот од сезоната ќе изборат пласман во првата лига. Вардар втора сезона по ред игра во второлигашката конкуренција.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе