Спалети: Не викам повеќе играчи кои треба јас да ги мотивирам

Лучано Спалети од летоска е селектор на италијанската репрезентација, во меѓувреме шест пати ги водеше „Аѕурите“ и веќе му дојде преку глава.

Кон почетокот на Европското првенство во Германија, каде Италијанците ќе играат против Албанија, Шпанија и Хрватска, Спалети имаше невообичаено остра порака за кандидатите за националниот тим.

Особено оние на кои им е потребен дополнителен мотивациски говор пред да излезат на теренот.

„Не мотивирам повеќе“, изјави Спалети, кој минатата сезона на Наполи му го донесе првото Скудето по 30 години, а потоа се раздели со клубот незадоволен од визијата на претседателот Аурелио Де Лаурентис.

Се покажа дека местото селектор го чека испразнето бидејќи во исто време неговиот претходник Роберто Манчини преговарал со нови работодавци од Саудиска Арабија.

„Оние играчи на кои им е потребна мотивација подобро е да останат дома. Ако поканам играч и потоа морам да го мотивирам, сум поканил погрешен играч“, рече тој и ги потсети кандидатите:

„Облечете го дресот на италијанската репрезентација, најубавиот од сите дресови, мотивирајте се сами“.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе