УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Спалети: Одиме во Германија да ја одбраниме титулата

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го даде своето прво интервју во 2024 година за државната телевизија Rai 2, а се осврна на претстојното Европско првенство во Германија, иднината на „Аѕурите“, како и лансирањето на Суперлигата.

Италија е актуелен европски шампион, но за нацијата е разочарувачки што „Аѕурите“ не успеаја да се пласираат на последните две Светски првенства, во Русија и Катар.

„Квалификациите за ЕУРО беа како глас што се издигнува од дното на јамата во која паднавме, глас кој на светот му вика дека ние сме тука и дека сме поживи од кога било“, рече Спалети и додаде:

„Пласманот на Европското првенство ни овозможува да одиме во Германија за да ја одбраниме титулата што ја освоивме во 2021 година, но има уште многу работа“, нагласи тој.

Спалети истакна дека ги следи и анализира играчите, објаснувајќи ги своите планови за иднината на Италија во годината на Европското првенство.

„Моја должност е да гледам, набљудувам и дознавам сѐ што може да ги натера луѓето да слават. Се појавија играчи како Кајоде, Раниери, Колеошо и Казадеи. Ги следиме некое време. Бове е сигурен и ми се допадна неговото однесување во последно време. Потоа Прати и Калафјори. Последниот е сигурен во централниот дел на одбраната и на левата страна и е подготвен за репрезентацијата“.

Италија на Европското првенство се наоѓа во најтешката група со Шпанија, Хрватска и Албанија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе