Спасовски најави воздухопловен тим за здравствен транспорт на лица низ државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово, која во рамки на МВР постои веќе 54 години.

Министерот Спасовски оствари работна средба со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следеше разгледување на воздухопловите и опремата за нив, поставени на платото пред хеликоптерските хангари во Идризово.

Спасовски најави нов проект – тим од МВР и тим од Министерството за здравство за здравствен транспорт на лица низ државата.

„Се надевам дека во најскоро време ке го започнеме тој проект, да комплетираме еден целосен тим од МВР со целосна опрема за еден воздухоплов и од Министерство за здравство за здравствен транспорт на лица низ државаѕа. Тоа ќе биде за прв пат од постоењето на оваа единица во изминатите 54 години“, рече Спасовски.

Меѓудругото, Спасовски рече дека е инвестирано и во опрема за гаснење на пожари.

„Препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, Единицата беше опремена со 3 хеликоптери марка Бел кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Беше набавено едно ведро за Бел 212 и Симплекс резервоар за Бел 412 и овие хеликоптери веќе ги видовме на дело”, рече Спасовски.

За да се овозможи успешно користење на опремата, како што рече, се воспостави соработка со словенечката полиција, од чија страна беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари.

„Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени”, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека за првпат македонската полиција ќе одржува флота на македонската армија, пред се хеликоптери од типот Бел 206 и Злин.

Спасовски додаде дека можат да се пофалат дека имаат и жена пилот.

Remote video URL
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Read more

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more
 

Вести

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе