Спасовски: Полицијата за празниците ќе биде секаде и во секој момент ќе контролира

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола дали обврските се почитуваат и дали некој придонесува за нарушување на состојбата со ширење на вирусот. Тој рече дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание, кое го добила.

– Ако се утврди дека навистина се случува организиран настан, се известува Јавниот обвинител и постапуваме врз основа на законот, појасни Спасовски.

Министерот за внатрешни работи информира дека полицијата деновиве растурила неколку забави.

– Синоќа се случи растурање на забава во Волково, при што беа приведени 29 лица. Ист таков настан имаше во Куманово, каде што беше растурена семејна веселба. Така што, одговорно и посветено ќе постапуваме и за новогодишната ноќ. Апелирам уште еднаш до граѓаните да прославуваат одговорно. Сите заедно треба да придонесеме да спречиме ширење на вирусот, потенцира Спасовски и додаде дека има тенденција за намалување на новозаразените.

Спасовски уште еднаш порача за време на празниците да бидеме сите одговорни.

– Секој кој нема да ги почитува мерките, без разлика дали се работи за сопственик на вила за издавање или е граѓанин, кој учествува во такви настани, ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, бидејќи го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, подвлече Спасовски.

Во врска со возачот на Bentley, кој помина низ украсите на скопскиот плоштад и заработи казна од 45 евра, министерот повтори дека смета оти казната е мала и дека во Владата размислуваат за менување на висината на пропишаните казни.

– Казната е за едно неодговорно бандитско однесување, коешто го нарушува мирот и спокојот на граѓаните. Планираме драстично да ги зголемиме казните за такво однесување, рече Спасовски.

На ова се надоврза министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која додаде дека во Владата се размислува казната да биде одредувана процентуално во зависност од приходите на прекршителот.

– Најчестиот коментар кој можевме да го слушнеме во периодов беше дека за човек кој вози Bentley 45 евра се ништо. Но, во програмата на Владата најавивме дека казните ќе бидат формулирани во процент од приходите и имотот и тогаш на секој прекршител ќе му се додели казната ќе ја почувствува и која ќе го натера, а тоа е целта на сите казни, да превенира такво однесување, истакна Шекеринска.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе