Спасување кученца заробени под бетонски блок
Под куп градежен шут заробени беа четири кученца кои спасувачките екипи успешно ги спасија.
Снимката е од градот Барнаул, административен центар на Алтајскиот Крај кој има статус на федерален субјект во Русија.
Кучињата не биле затрупани, туку залутале и сами се заглавиле во шутот. На крајот сопственичката си ги доби назад сите четири.