Србија вакцинира побрзо од скоро цела ЕУ, Вучиќ добро ја искористи пандемијата

Србија најверојатно не била подобро медиумски покриена од Првата светска војна. Сиромашната земја (според европски стандарди), оптоварена со корупција, има една од најбрзите кампањи за вакцинација против COVID-19 во светот и е трета во Европа според вкупните дози испорачани по глава на жител. Илјадници Босанци, Македонци и Црногорци ја минаа границата за бесплатни вакцинации. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, добро ја искористи пандемијата, пишува The Economist.

На здравствената веб-страница на Владата, српските граѓани можат да се пријават за кинеска, руска, западна или каква било достапна вакцина. Околу три четвртини од дозите користени досега се кинески. За да се добие бараната вакцина Pfizer, понекогаш се потребни врски. Странците ја примаат вакцината AstraZeneca, веројатно затоа што многу српски граѓани не ја сакаат. До 27 март, најмалку една доза добиле 20 проценти од Србите. Вучиќ се радува што 30-годишниците во Германија ќе мора да чекаат „со векови“ за прва доза.

Стапките на инфекција и смртност брзо растат

Сепак, стапките на инфекција и смртност брзо растат. Многу Срби не се ни обидуваат да ги почитуваат мерките за заштита и претпазливост, вели Иван Костиќ, хирург во Чачак, а тоа особено се однесува на оние кои ја примија првата доза. За разлика од другите европски земји, немаше долги локдаун периоди.

Здравствениот систем е во лоша состојба. Српските болници имаат 25 проценти помалку персонал од оние во Западна Европа, проценува д-р Костиќ, што делумно се должи на фактот дека многу здравствени работници емигрираа.

Да бидат работите уште полоши, теориите на заговор ја поткопуваат кампањата за вакцинација. Едно истражување открило дека 70 проценти од Србите веруваат во барем една теорија на заговор за COVID-19, како на пример дека тоа е биолошко оружје или дека вирусот го шират производителите на лекови. Во Западна Европа, ваквите теории се поддржани од само една четвртина од населението. Од 80-тите години на минатиот век, вели Ведран Џихиќ од Универзитетот во Виена, Србија има хиперпроизводство на теории на заговор, главно ксенофобични насочени кон Албанци, Бошњаци, Хрвати или кон Ватикан. Денес, граѓаните имаат потешкотии да ги разликуваат налудничавите приказни од реалноста.

Стратегијата на Вучиќ се исплатеше

Сепак, стратегијата на Вучиќ да не ги става „сите јајца во една корпа“ се исплатеше. Купи вакцини во Европа, Русија и Кина и потпиша договори за производство на руски и кинески вакцини во Србија. И двете земји се надеваат дека ваквата политика за вакцинирање ќе ја наруши довербата во Европската Унија. Анкетите покажуваат дека делува, иако некои Срби сметаат дека Кина за возврат очекува комерцијални придобивки.

Европската Унија ѝ вети на Србија средства за закрепнување, но сè уште не ѝ донирала вакцини. Во меѓувреме, успехот во набавката на вакцините од друго место му овозможува на Вучиќ да се наметне како регионален лидер. Соседите на Србија немаат многу илузии за неговата добра волја, според Флоријан Бибер од Универзитетот во Грац. Но, неговата вештина на „уличен гангстер“ во политиката, домашна и меѓународна, го прави фактор со кој треба да се смета, заклучува The Economist.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе