НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Среќен роденден, Марадона!

На денешен ден, пред точно 60 години се роди еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на сите времиња - Диего Армандо Марадона.

Жива легенда на фудбалската игра, човек кој е во ударните вести речиси секојдневно и ден и денес, исто како и за време на неговата блескава играчка кариера кога правеше што сакаше, кога сакаше и колку сакаше.

Помина низ сè во животот, од дното кон врвот до повторно допирање на дното - и секогаш ќе ги паметиме неговите спектакуларни голови, сензационалните загревања, но и бројните контроверзии.

Сагата која трае 60 години, започна во Ланус, јужното предградие на Буенос Аирес, во сиромашно семејство. Тој беше прв син по четири ќерки и има двајца помлади браќа кои исто така беа професионални фудбалери.

Својата професионална кариера ја започна на 20 октомври 1976 година во Архентинос Жуниорс, десет дена пред неговиот 16-ти роденден.

По само неколку минути игра во негото деби, тој ја протна топката низ нозете на Хуан Доминго Кабрера, што стана легендарен потег.

„Тој ден се чувствував како да го држам небото во моите раце“, рече Марадона.

Remote video URL

По пет години поминати во Архентинос и 115 голови на 167 натпревари, тој се пресели во големиот Бока Жуниорс за 4.000.000 долари.

Ривалот Ривер Плејт му понуди највисока плата во тимот, но тој ја одби понудата затоа што секогаш сакал да игра за Бока.

На своето деби два дена подоцна, тој постигна два гола, а потоа беше стрелец во победата од 3:0 над Ривер во неговото прво Суперкласико на „Ла Бомбонера“.

По Светското првенство во 1982 година, тој се пресели во Барселона во најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, вреден 7,6 милиони долари.

Во јуни 1983 година, тој стана првиот фудбалер во историјата на Барселона кој добил аплауз од навивачите на најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Марадона го надмудри голманот Агустин, а потоа застана приближувајќи се кон небранетиот гол, така што дефанзивецот Хуан Хосе се лизна покрај него со цел да го блокира и да ја погоди стативата, пред Аргентинецот да ја затресе мрежата.

Следен играч на Барселона кој доби овации на „Сантјаго Бернабеу“ беше Роналдињо во 2005 година, а потоа Андрес Иниеста десет години подоцна.

Remote video URL

На крајот на сезоната 1983/84 исплива неговиот незгоден темперамент, кога во финалето на Купот на кралот се степа со играчите на Атлетик Билбао, кои остро го фаулираа, а потоа го навредуваа.

Сè се случи пред 100.000 гледачи на „Бернабеу“, меѓу кои беше и шпанскиот крал Хуан Карлос, а бидејќи не ја доби очекуваната поддршка од клубот, тој побара трансфер.

Така, по две и пол сезони и 38 голови на 58 натпревари, тој се пресели во Наполи за 10,5 милиони долари.

Тој беше пречекан од 75.000 навивачи во „Сан Паоло“ како еден вид „месија“.

„Немаме градоначалник, куќи, училишта, автобуси, работни места, но ништо од тоа не е важно затоа што го имаме Марадона“, пишуваа локалните медиуми.

Remote video URL

А, Марадона ги оправда нивните очекувања, достигнувајќи го врвот на својата професионална кариера во Наполи, стана капитен и му ја донесе на клубот долгоочекуваната прва титула италијански шампион во 1987 година.

Три години подоцна, Наполи ја освои втората титула, заедно со уште две други места во меѓувреме, и трофејот од Купот на УЕФА во 1989 година.

Со 115 гола, тој беше најдобриот стрелец во историјата на Наполи сè додека не беше надминат од Марек Хамшик во 2017 година.

Марадона сè уште е култна фигура во Неапол, чии познати градби се украсени со мурали со лик на Аргентинецот, а во градот се родија илјадници момчиња кои го носат неговото име.

Тој ја уништи импресивната кариера во 1992 година кога беше казнет на 15 месеци за употреба на кокаин. Иако го бараа Реал Мадрид и Олимпик Марсеј, тој се пресели во Севиља каде остана една сезона.

Потоа се врати во својата татковина и играше за Њуел'с Олд Бојс, а во 1995 година се врати кај својата сакана Бока.

Одигра 91 натпревар за репрезентацијата на Аргентина и постигна 34 гола, а својот врв го достигна на Светското првенство во 1986 година, каде што влезе во легендите со два гола против Англија во четвртфиналето.

Величествениот прв гол и контроверзниот втор – познатата „Божја рака“ – доведе до тоа престижниот француски L'Équipe да го опише како „полуангел, полуѓавол“.

Натпреварот се одигра среде најголемата омраза помеѓу Аргентина и Англија поради воениот конфликт на Фокландските Острови.

Потоа постигна уште два гола во полуфиналето против Белгија, а потоа во финалето, и покрај тоа што го чуваа двајца играчи на Западна Германија, тој ја испрати топката покрај Лотар Матеус до Хорхе Буручага за конечни 3:2 пред 115.000 гледачи на стадионот „Астека“ и како капитен го подигна пехарот за светски шампион.

Remote video URL

Четири години подоцна, се очекуваше втората титула, но поради проблеми со повреда на скочниот зглоб, беше далеку помалку доминантен отколку во Мексико.

Германците возвратија во второто последователно финале со 1:0, со погодокот на Андреас Беме по контроверзниот фаул над Руди Фелер на пет минути пред крајот на мечот.

На следното Светско првенство во САД во 1994 година, тој одигра само два натпревара и постигна гол против Грција, пред да биде испратен во Аргентина затоа што падна на допинг-тест за ефедрин.

Натпреварот и голот против Грција беа неговиот последен настап и погодок во националниот дрес.

Remote video URL

По завршувањето на фудбалската кариера во 1997 година, Марадона често предизвикуваше полемики во јавноста со своето однесување, одеше на одвикнување од опијати и рехабилитација од алкохол, се дружеше со кубанскиот претседател Фидел Кастро и цело време бркаше и тренерска кариера.

Ги водеше аргентинските Текстил Мандижу и Расинг, Ал Васл и Фуџајра од ОАЕ, Дорадос де Синалоа од Мексико, а во моментов е тренер на Химнасија Ла Плата.

Од 2008 до 2010 година беше селектор на Аргентина, која ја водеше на Светското првенство во Јужна Африка, каде „Гаучосите“ доживеаја дебакл во четвртфиналето против Германија со 4:0.

Во својата играчка кариера, Марадона постигна 312 гола за 588 натпревари за клубови, и 34 за 91 настап за националниот тим.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе