ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека 15 јули 2020 година, денот на парламентарните избори, од страна на Владата е прогласен за неработен ден за сите граѓани на целата територија на државата и истиот нема да се одработува.

Согласно Уставот на државата секој граѓанин со наполнети 18 години се стекнува со избирачко право кое го остварува на слободни избори.

Член 148 од Законот за работните односи уредил дека работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за државните празници, коишто се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови.

Доколку производниот процес се одвива непрекинато, работодавачот е должен писмено да го извести подрачниот државен инспектор на труд.

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на тоа дека согласно член 24 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50% како и член 28, став 1, алинеа 5 „Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис“.

Секој работодавач е должен да пријави во ДИТ доколку работи и да исплати надомест на работникот како за работа во празник и неработен ден.

За сите работодавачи кои ќе го злоупотребат ова право на работниците, ССМ по пријава од работниците, ќе бара тие работодавачи да бидат најстрого санкционирани (казнети ) од страна на надлежните инспекциски служби.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе