КАКО СЕ ПРАВЕЛА ПРВАТА MORTAL KOMBAT

Стари снимки ги откриваат тајните на култната игра

Аркадните игри еволуираа брзо во текот на 80-тите години од минатиот век - повисоката резолуција и повеќе бои ја создадоа потребата за вешти уметници и добри алатки.

За „Mortal Kombat“ е заслужно студиото Midway Games, а првата игра се појави далечната 1992 година - креативниот процес во тоа време беше значително различен од денешниот, па повеќе зависеше од актерите и движењето на живите тела.

Првата игрица произлезе од идејата за насловот чија ѕвезда требало да биде Жан-Клод Ван Дам, но брзо беше напуштена - тогаш се родила идејата за боречка игра која и денес добро ја знаеме.

По првото продолжение дојдоа многу други („Mortal Kombat 11“ излезе во 2019 година), потоа следеа серија стрипови, а во 1995 година беше снимен и филм во режија на Лоренц Казанов.

Се тврди дека само четири лица работеле на првата игрица, што и за тоа време било малку - инди насловите денес имаат поголеми тимови.

Аркадните игри еволуираа брзо во текот на 80-тите години од минатиот век - повисоката резолуција и повеќе бои ја создадоа потребата за вешти уметници и добри алатки. Потоа дојде трендот во кој ликовите и предметите беа дигитализирани со помош на компјутерски софтвер и полека почнаа да ја заменуваат уметноста со пиксели.

Ова значи дека тие користеле снимки од членовите на тимот за развој кои носат костими за правење видео игри, а нивните фотографии потоа биле дигитализирани (првата беше игрицата NARC, која излезе во доцните 80-ти). Откако со помош на таа метода беше направена аркадната игра базирана на култниот филм „Terminator II“, која доживеа голем успех во средината на 1991 година, се создадоа услови и за други содржини - на прво место за „Mortal Kombat“.

Програмерите зачувале некои идеи од нереализираниот проект со Ван Дам, а пред сѐ техниката на дигитални борци. Околу 8 месеци се работело на аркадата, а првично се размислувало за наслови како Kumite, Dragon Attack, Fatality, за на крајот да дојде до Mortal Kombat.

Играта брзо ја засакаа многумина, и покрај фактот што таа не бегаше од експлицитно насилство. Потребно беше многу трпение за да се засака некој наслов во тоа време - без интернет комбинации за финален удар и тајни за скриените ликови, се пренесуваа исклучиво од уста на уста, поретко преку популарните списанија за гејмерите.

„Mortal Kombat II“ пристигна на аркадите во април 1993 година, прилично недовршена, па се чекаа ажурирања - тоа беше пред интернетот, кога вработените во Midway Games одеа од уред до уред и воведуваа нови верзии на софтверот.

Remote video URL

На старите снимки можете да видите како е создадена првата „Mortal Kombat“ и што се случувало зад сцената. Иако процесот на моменти делува комично, некои жалат што игриците повеќе не се прават вака, бидејќи, како што тврдат, во нив повеќе се уживало.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе