Стартуваше вакцинацијата, половина од новозаразените се со британската мутација

Со вакцинација и почитување на мерките за заштита ќе се сузбие пандемијата со COVID-19, уверуваат здравствените власти. Вакцинацијата против COVID-19 во земјава почна вчера во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со вакцината на Pfizer беа вакцинирани докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, а потоа следеше и вакцинација на другите од таа јавна здравствена установа.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат против COVID-19.

– Вакцините се безбедни, развиени на сигурни платформи. Штитат 100 отсто, буквално сите вакцини кои се сега на пазарот, штитат од смрт и од тешка форма на болеста. Тоа е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата во светот, потенцираше Филипче. Додаде дека се уште е рано за целосно да се опуштиме заради тоа што сепак тука е детектирана британската варијација, мутација на коронавирусот.

Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава. Пунктот во модуларната болница, каде има шест вакцинални позиции работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ја спроведуваат медицински тимови од Здравствениот дом Скопје. Досега се пријавени 4.000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2.000 се во Скопје, а другите се во останатите градови. На секој здравствен работник кој примил вакцина веднаш му се резервира втора доза за ревакцинација.

Имунизацијата од Модуларната болница се врши со 4.680 од предвидените 8.000 дози вакцини од производителот Pfizer кои државава го доби како донација од Србија. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови. До крајот на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија Sinopharm. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од Pfizer кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева вчера изјави дека наскоро ќе донираат вакцини за Северна Македонија, кога ќе имаат доволно количества од ЕУ.

Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е исто така учесник.

-Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Северна Македонија, вели Захариева.

До вчера до 14 часот вкупно 53.070 граѓани беа пријавени за вакцинирање противCOVID-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“, а преку матичните лекари 24.958 лица.

Нови 347 случаи на COVID-19 од направени 2.383 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство. Оздравени се 168 пациенти. Починаа седум лица, од кои шест во болнички услови, а еден во домашни услови.

Од новите позитивни на COVID-19, повторно најмногу има во Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево по 6, Битола, Гостивар и Делчево по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница по 3, Ресен, Валандово и Кратово по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица по еден. Од починатите лица, четворица пациенти биле од Скопје, на возраст од 80, 79, 69 и 61 година, по еден пациент од Куманово (80 години), Велес (66 години)  и Прилеп (61 година).

Од Министерството за здравство информираат дека вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид-центрите. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на COVID-19. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројот на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324. 

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Македонија

Груевски ѝ ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Read more

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Read more
 

Вести

Груевски ѝ ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе

Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети

Читај повеќе

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добиja трипати повеќе мандати од СДСМ и ДУИ заедно

Читај повеќе
  • play_arrow

Се запали Boeing 737 полн со патници

Читај повеќе

ЕУ пресече: Замрзнатите руски средства ќе се трошат на оружје за Украина

Читај повеќе