А, сте пробале сарма-ролат?

Ова јадење е исто како класичната сарма. Ги има истите состојки, само формата му е различна - се работи за ролат.

Кога ќе почне сезоната на кисела зелка, сите најмноги ѝ се радуваат на сармата. Доколку имате останато зелка од минатата сезона, доискористете ја така што ќе го пробате овој рецепт. На сарма-ролатот од кисела зелка тешко некој ќе му одолее, а ќе биде одлично послужување и за слава или било кој празник. Ова фантастично јадење можете да го прелиете и со необичен бешамел сос кој се прави од јогурт.

Потребни состојки:

  • ½ кисела зелка
  • 700 гр мелено месо
  • 150 гр ориз
  • 1 кромид
  • 2 моркова
  • 1 лажичка блага пипер
  • 1 лажичка мајчина душица
  • ½ лажичка ким
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

За сосот:

  • 40 гр путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици брашно
  • 600 мл јогурт
  • 250 мл вода
  • ½ лажичка мускатно оревче

Подготовка:

Пропржете ги ситно сечканите кромид и морков, а потоа додадете го меленото месо. Кога и тоа малку ќе се испржи додадете го оризот, посолете и побиберете, па посипете мајчина душица, пипер и ким. Турете малку вода и оставете на шпорет уште некои 5 минути. Тавчето премачкајте го со маслиново масло, па наредете листови кисела зелка. Над нив истурете половина од филот со месо, па ставете уште 2-3 листа зелка и истурете во остатокот од филот. Покријте со листови зелка и формирајте како ролат. Маслиновото масло помешајте го со ½ лажичка блага пипер и премачкајте. Покријте со фолија. Печете во претходно загреана рерна на 220°C околу 50 минути. Потоа тргнете ја фоилијата и печете уште 10 минути на истата температура. Загрејте путер и масло, па пропржете го брашното. Додадете јогурт и вода и посолете, побиберете и зачинете со мускатно оревче. Сосот е готов кога ќе се згусне, па со него прелијте го ролатот од зелка.

Remote video URL
Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе