Стеф Кари досега не видел ваков пораз

Филаделфија 76ерс и Сакраменто Кингс се првите тимови кои поведоа со 2:0 во овогодинешниот НБА плеј-оф. Тоа значи дека шампионот Голден Стејт Вориорс првпат ги загуби првите два меча во серија во ерата на Стеф Кари, а сега треба да победи на четири од пет натпревари против „кралевите“ за да продолжи да ја брани минатогодишната шампионска титула.

Уште поголемо изнанадување е што тоа им се случува против Кингс, кои се во плеј-офот за прв пат од 2006 година. Оттогаш, Вориорс девет пати беа во плеј-офот, освоија пет шампионски титули и уште два пати играа финале, само еднаш беа елиминирани во првото коло, а во ниту една серија не остварија помалку од две победи.

URL

Кингс синоќа ги совладаа со 114:106, а го „прекршија“ натпреварот во последните три минути. Откако тројката на Клеј Томпсон намали на 102:101, тие одговорија со серија 10:2, во која со лејап учествуваа Домантас Сабонис и Харисон Барнс, а со тројки Де'Арон Фокс и Дејвион Мичел.

Сабонис и Фокс постигнаа по 24 поени, на кои литванскиот центар додаде девет скока, а исто толку асистенции имаше и брзиот плејмејкер, додека Малим Монк придонесе со 18 поени од клупата. Вориорс ги предводеа Кари со 28, Ендрју Вигинс со 22 и Томпсон со 21 поен. Серијата сега се сели во Сан Франциско, каде Вориорс ќе се обидат да израмнат на 2:2.

Истиот предизвик ги очекува и Бруклин Нетс, кои Филаделфија ги совлада со 96:84 и исто така поведе со 2:0. Тајрис Макси експлодираше со 33 поени, Џоел Ембиид имаше 20 поени, 19 скока, седум асистенции, но и осум загубени топки, а Тобијас Харис додаде 20 поени и 12 скока. Најмногу за Нетс постигнаа играчите кои пристигнаа од Феникс во замена за Кевин Дурент - Кем Џонсон 28 и Микал Бриџис 21.

Резултати:

Филаделфија - Бруклин 96:84

(Филаделфија води 2:0)

Сакраменто - Голден Стејт 114:106

(Сакраменто води 2:0)

реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кошарка

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Read more

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе