Сто години подоцна, култот на Мусолини сè уште живее во Италија

Сто години откако Бенито Мусолини ја презеде власта, неговиот култ сè уште живее во италијанскиот град Предапио, каде десетици илјади луѓе го посетуваат неговиот гроб секоја година.

Многу од нив доаѓаат од љубопитност, а други од носталгија за минатото што ја инспирира постфашистичката партија Италијански браќа, која според сите анкети е веројатниот победник на парламентарните избори на 25 септември.

Белата мермерна биста на Ил Дуче (водачот) ја краси криптата на семејната капела на гробиштата во североисточниот град каде што е роден Мусолини, а неговиот саркофаг е завиткан во италијанското знаме. „Никогаш нема да те заборавиме“, напишал еден посетител во Златната книга, додека друг го ветува воскреснувањето на идеите на Мусолини: „Ќе се родиме повторно!“ и „Ќе се вратиме!“

Млад посетител со избричена глава, видно возбуден, со едната рака ја избриша надгробната плоча, а со другата поздрави во фашистички поздрав на човекот што го нарекува „татко на земјата“. Некои имаат покритички пристап кон наследството на Мусолини, кој ја презеде власта по таканаречениот „Марш кон Рим“ во октомври 1922 година, за да воспостави диктатура во 1925 година која траеше до 1943 година.

„Мусолини беше голем државник. Тој го донесе законот за работни односи и социјалната заштита. Но, направи грешка со тоа што склучи пакт со Хитлер и ги прифати срамните расни закони“, вели 42-годишната службеничка Фабијана ди Карло, која отпатувала во Предапио со ќерка ѝ.

Нејзиното гледиште е типично за многу Италијанци кои позитивно ја оценуваат политиката на Мусолини пред да склучи сојуз со нацистите и да влезе во Втората светска војна. Анкетата на ISPSOS спроведена минатата година покажа дека 66 отсто од Италијанците на возраст меѓу 16 и 25 години веруваат дека фашистичкиот режим бил „диктатура и тие ја осудуваат, но препознаваат и некои придобивки“.

Носталгија

Стогодишнината од доаѓањето на Мусолини на власт е можност да се преоцени наследството на фашизмот поради зголемената популарност на Џорџа Мелони, лидерот на Италијански браќа, која најверојатно ќе стане нова италијанска премиерка. Нејзината партија израсна од Социјалното движење (MSI) и беше основана од поддржувачите на Мусолини по неговата смрт во април 1945 година.

Многу гласачи во Предапио велат дека ќе гласаат за Џорџа Мелони, а исто ќе постапи и Фабијана ди Карло, која верува дека Италијански браќа се „интелигентна и компетентна“ партија и се надева дека Италија со неа ќе ја добие својата прва жена премиер.

Мелони инсистира дека „нема простор за носталгија за фашизмот“ во нејзината партија, која има евроскептична, националистичка христијанска програма. Сепак, и натаму ги отфрла повиците да се отстрани пламенот во боите на италијанското знаме од партиското лого, кое беше преземено од логото на неофашистичката MSI.

Нејзините изгледи за доаѓање на власт се големи, што предизвикува загриженост низ цела Европа. Анкетите предвидуваат дека ќе добие 24 отсто од гласовите во коалицијата на десниот центар, која според анкетите заедно треба да постигне 47 отсто.

„Не мислам дека постои закана за враќање на историскиот фашизам“, вели Џанфранко Миро Гори, локалниот водач на Националниот сојуз на италијанските партизани. „Меѓутоа, авторитаризам и ограничување на слободите, на пример медиумските слободи, се можни“, смета тој.

Сепак, 39-годишниот Ивано, обожавател на Мусолини, кој работи во лозјето Кунео во северозападна Италија и дојде да го посети Предапио, е убеден дека Италија нема од што да се плаши доколку победи Мелони.

„Таа не е фашист. Таа е за сојуз на Европа и Америка и против Путин“.

Фашистички сувенири

Секоја година над 70.000 посетители го посетуваат гробот на Мусолини, па таквиот интерес е природно проследен со туристичка активност. Бројни продавници нудат неофашистички сувенири како што се „антикомунистички нараквици“, кукасти крстови и шишиња со вино со етикети со ликот на Ил Дуче.

Тие продаваат и плакати со порака „Италија на Италијанците“, дури и „Фашистички прирачник“. Џована и Алесандро, двојка во четириесеттите од Милано купиле календар на Мусолини како сувенир.

„Се надеваме дека Мелони ќе победи. Таа ќе наметне ред и безбедност“, предвидува Алесандро.

Во близина на куќата каде што е роден Мусолини и каде што неговиот татко имал ковачница, поставена е изложба за кампањата на Мусолини во Рим, која ги запознава посетителите со мрачната историја на фашизмот. Меѓу 170-те позајмени експонати од приватни колекции има униформи, сабји, огнено оружје и пожолтени фотографии кои ги документираат дејствијата на „црнокошуљашите“ на Мусолини, нивните врски со Католичката црква и индустријата.

„Тоа е културен настан кој, на објективен, документиран начин, нè повикува да размислиме што беше Маршот кон Рим. Тоа не е извинување за фашизмот“, рече Франко Франко д'Емилио, еден од кураторите на изложбата.

„Целта е да се направи Предапио познат по тоа што е, италијанската престолнина на историјата на фашизмот“, коментира Франческо Минутиљо, поранешен лидер на Италијански браќа.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе